20.09.2012, 13:17 Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Острите критики од претседателскиот кандидат на Републиканската партија, Мит Ромни, за приближно половина американски избирачи наштетија на неговиот имиџ и може да биде од решавачко значење на денот на изборите.
По објавената видеоснимка што беше тајно снимена, на која Ромни изјавува дека за демократскиот кандидат Барак Обама гласаат луѓето кои живеат од државна помош, неговиот рејтинг бележи пад.
Во анкетата изработена од Институтот „Ипсос“, 43 отсто од регистрираните гласачи на Ромни гледаат со помалку симпатии, додека 59 проценти изјавиле дека тој неправедно ги опишал приврзаниците на Обама.
Анкетата покажува дека Обама од четири сега има пет проценти предност во однос на Ромни. На прашањето ако денеска се одржат претседателски избори, за Обама се изјасниле 48 проценти, а за Ромни 43 отсто.
Ромни изјави дека речиси половина од Американците ќе гласаат за Обама и, наспроти се', бидејќи зависат од владината поддршка. Тој го подели гласачкото тело на лица кои добиваат пари од владата за својата егзистенција и граѓани кои работат и плаќаат даноци. |