Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
19.09.2012, 17:49

СДСМ ќе пишува програма од врата на врата

Опозицијата, со почетокот на есента, влегува во нова кампања, од која треба да произлезат програмските насоки за локалните избори

Социјалдемократите влегуваат во нова кампања, шест месеци пред локалните избори, а пред финишот на „работното лето“, во чии рамки одржаа протестни митинзи низ повеќето градови во државата.

Со почетокот на есента, опозициски тимови, во кои ќе има и претставници на партиското раководство, ќе одат од врата на врата, за очи в очи да разговараат со граѓаните. Проектот е насловен „Отвори врата за иднината“, а секретарот на СДСМ, Андреј Петров, вели дека од овие активности ќе произлезе партиската програма за локалните избори, како и програмите за секоја општина поединечно.

„Тоа ќе бидат програми од граѓаните за граѓаните. За реализација на проектот, тимови на СДСМ ќе тропнат на секоја врата, во секој дом, во секое населено место, во секоја општина. Граѓаните ќе имаат можност првпат во историјата на Македонија самите да посочат каква иднина сакаат, каква општина сакаат, што треба да се промени, а што да се дополни или измени“, вели Петров.

Новиот стил на кампања е главен заклучок од завчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ. Според информациите, Централниот одбор попатно отворил расправа и за случувањата меѓу коалициските партнери во Владата, но без конкретни заклучоци, бидејќи, како што наведуваат од партијата, кризата во релациите е проблем што треба да си го решаваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Социјалдемократите ќе тргнат од врата на врата во деновите по митингот во Битола, што треба да се одржи на 29 септември (за овој викенд се најавени митинзи во неколку помали општини), иак�� проектот „Работно лето“ официјално ќе заврши еден месец подоцна, со протест во Скопје.

Централниот одбор на СДСМ донел и одлука за конституирање на уште еден партиски совет - за образование, со кој ќе претседава професорот Зоран Поповски. Со тоа останува да се формира уште советот за здравство, велат од партијата. Со ЦО на СДСМ, пак, во наредните 12 месеци ќе претседава д-р Соња Георгиевска од Гостивар, бидејќи на досегашниот претседавач Хари Локвенец му истекол мандатот, а тој имал и други ангажмани како кандидат за градоначалник на Прилеп. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 2598 пати.

Испрати коментар



Брисел нема да арбитрира меѓу Македонија и Бугарија
Судот денеска ќе пресече за штрајкот
Македонија не е протекторат, сама треба да си решава проблеми
Обвинителството ќе истражува кој стои зад албанските химни
Анкета - Слупчане не е гест за помирување, Бесими да се извини



Mirko, 20.09.2012 02:16:41
Koga ovie od sds ke dojdat na vrata ,lugjeto treba da im udrat kjotek i da gi izmavaat. I toa od edna osnovna pricina , im ja narusuvaat privatnosta. Nekaneti gosti taka treba da pominat. Ima nevospitani decista od sds, koi gi maltretiraat i zaplasuvaat neukite gragjani, onie ukite gi mavaat uste pred da tropnat na vrata.Pred nekoe vreme nosea 100 grama refusno odvugnato kafe i po edno penkalce od dva denari.Postapkite im se totalno glupavi .Od kogo se i mnogu se.
НЕВЕН ГНЕВЕН, 20.09.2012 06:57:32
Не само кај граѓаните, ами и кај селаните нема да поминат како треба, се додека е Бранко на чело на Партијата. Тој е најголемиот виновник што нема јака опозиција. А второ, на сите им текнува за гласачите само кога има избори, а после тоа, бегаат како народот да е лепрозен.
Elena, 20.09.2012 06:57:41
Граѓаните ќе имаат можност првпат во историјата на Македонија самите да посочат каква иднина сакаат, каква општина сакаат, што треба да се промени, а што да се дополни или измени“, вели Петров. Seriozni se?! Povece od 20 god.gradzanite sakaat samo edno nesto - da prestanete da kradete. Tolku li e tesko?
Бесна Вендевска, 20.09.2012 07:02:04
Работно лето?! А претходните лета им биле неработни?
Miki, 20.09.2012 08:20:37
Eve, i pred da mi dojdat na vrata, vednas ke im kazam - neka dadat cvrsti garancii deka koga ke ja prezemat vlasta bez ligavenje i megjusebni dilovi KE GI PRATAT OVIE KAJ STO IM E MESTO! Makedonija ovie 6 godini e izlozena na tolku bezmilosno ograbuvanje sto ne samo nasite deca tuku i vnucite ke gi podnesuvaat posledicite! Neka izleze celoto rakovodstvo na SDSM i neka se obvrze javno deka ke rascisti so ograbuvacite i jas, i site sto gi poznavam, so dvete race ke glasame za niv..Ova inaku ke im bide poslednata politicka sansa, za vek i vjekov..
Do Mirko, 20.09.2012 09:03:48
Mirko, Vie ste glupav, gospodine.
Славко, 20.09.2012 09:04:39
Мирко , ти сепак си се напил од тоа „одвугнатото“ кафе , штом знаеш какво било! А, бре Мирко ; вмровче си е вмровче , ќе земе било што да му дадат , ќе слуша се што ќе му речат и ќе вели „така треба“!
tose, 20.09.2012 09:26:39
Dobro e Mirko sto se nerviras ako tropnat kaj tebe ti kako dobar domakin e im otvaraj zosto da gi tepas.Ovie bar davaat penkalce od dva denari,a tvoite ti zemaat od tvojot dzeb za da ti poklonat nesto.Ama ti normalno ne go znaes toa neli?
Drenko, 20.09.2012 09:28:12
sekoja cest na vmrovcite sto ja urnisaa drzavata, no izgleda se mnogu kako ovoj Mirko sto ne uspevaat da se svrtat ni levo ni desno, tuku slepo im veruvaat na nivnite naredbidavci se co cel da se ponisti se sto e makedonsko.
stefan, 20.09.2012 09:53:25
ovie pa SDS za zalenje se!ako mi dojdat na vrata ke gi izbrkam!glupa ideja e ova definitivno.
Aleksandar Sv.Nikole, 20.09.2012 10:17:37
Ova za mene e dokaz deka SDSM nemaat ideja sto da pravat,pa gi kopiraat celo vreme VMRO-DPMNE,koi akcijata od vrata na vrata ja sproveduvaat veke 5 godini!!!!Ete uste eden dokaz za bezidejnosta na Branko i negovata ekipa...se sto zboruvaat e samo farsa za da dojdat na vlast...
bitolaman, 20.09.2012 10:20:35
kampanjata od vrata do vrata e edna sovremena kampanja koja ja praktikuvaat site moderni demokratii.a nie sto si imame narod so nisko intelektualno nivo,kako sto e i gorenavedeniot komentator mirko,koi udiraat kloci na sekoj sto misli poinaku,ne ni e kriv nikoj drug.si zasluzuvame i vakva vlast koja bukvalno ke ne odnese vo antikata pa mozebi vo prerodbenickata programa e predvideno i borba na gladijatori.zalna e makedonskata sudbina koga sekoga nekoj saka da mu giba vo istorijata na smetka na idninata.
citatel, 20.09.2012 10:40:12
I posle koga nekoj ke gi narece so nekoj pogrden zbor, tie se cuvstvuvaat navredeni, Pa koj ne saka nekogo da primi na vrata dovolno e toa da mu go kaze. A inaku vo ovie set godini i nekolku izbori imam sobrano 30 maicki od DPMNE, a nitu edna od SDSM. I ovoj Mirko neka kaze koga toa mu donesoa kafe koga toj zivee preku okeanot.
vivien, 20.09.2012 11:07:16
Leleeee, sto izmislija? Topla voda? Abe aj ne se zfrkavajte, pa zar taa gospoda ke se simne do tolku nisko, ma nemojte mi kasti.......
penzionerka od doma, 20.09.2012 11:08:11
Idejata na SDSM e umna i korisna, e najdobar i cesen nacin,da go vnese mislenjeto na narodot vo svojata idna programa. Sistemot *od vrata do vrata* e poznat vo zemjite na EU pred takareci site povazni izbori. Vo princip, vratite na domovite se za sekoja partija otvreni ili ljubezno odbieni da se otorat. Toa e najdobar nacin da se zeme mislenje od obicnite gragjani na tertorijata.Nigde ne e sovetuvan na domakinite deka * trebe da im se udri kjotek i da gi izmavaat * ! Koga pred predhodnite izbori dojdoa kaj mene dvaica mladi od SDSM koi najljubezno mi se prestavija i mi ostavija vpecatok na ubavo vospitani kulturni deca, gi pokaniv da vlezat vo domaot, za da ne stoime pred varta. Tie mi se zablagodatija, no ja odbija najuctiva pokanata. Spred toa, sovetot na nekoj si ( ne) vospitan MIRKO, ne drzi voda i e so prostacka tendencija. A ako taka se odnesuvaat lugjeto moite sogragjani i davaat vandalski soveti,zosto se cudime sto sme tamu kade sme!Na Mirko negovite ke mu dadat i auto it
Сапун!, 20.09.2012 12:37:25
Еленоооо!!!!Да не го преспса ова време?? Да не мислиш дека е 2006г???. Удри главата појако ,да ти се разлее сивата маса, читај, читај ,учењето е сила, учењето е моќ .Ништо не си научила во штабот ,срам да ти е! Еве ,кога ке им ја отвориш вратата прашај ги од СДСМ, дали знаат колку пари испра ДПМНЕ од 2006г. до денес, и како ги уценуваа ,ги заплашуваа и каде ги потрошија 240милиони ЕВРА кредит од ММФ пред изборите во 2011г???И како ги злоупотребија сто илјади гласови???? Еве дај им идеја со твојата “умна“ глава!Еленооооо!!Главата нека не ти служи само за трошење шампон,криза е Еленоо!!! И тоа увезенаа!
ФЕЛИКС, 20.09.2012 13:39:31
Добро е што вака многу превреме објавуваат Шатевци да ќе чукаат или звонат по портите.Оти ако апансас (изненадно)се влегува по куќите може да ги испогризе домашниот пес ако таму егзистира.Па така домаќините ќе си го приберат песот да не бидат обвинети дека се симпатизери на власта па им го сснуваат песот од партиски причини.Е сега програмата се надеваме дека ќе ја биде толку колку што обеќаа митинг во Битола и завршен митинг во Скопје. Вероватно петкратното одложување на завршниот митинг да ти бил поради неподелената и ненапишана програма.Знам колку се нестрпливи симпатизерите на Шатевци но сепак нека се воздржат уште малку.Каде и да е програмата ќе стигне во стилот на ,,куково лето,,.
pretpriemach, 20.09.2012 13:43:22
Граѓаните ќе имаат можност првпат во историјата на Македонија самите да посочат каква иднина сакаат-вели Петров.... Ами до вчера ги критикувавте ВМРО-ДПМНЕ дека немаат свои идеи и затоа собираат идеи од граѓаните. А сега правите чекор плус ке одите од врата до врата за да собирате идеи од граѓните... Значи од овие безидејниве земате идеја за кампања!!!???? Браво за ЌгенијалнотоЌ откритие... Земете патентирајте го!
suze, 20.09.2012 14:20:38
мирко да си ги симне розевите очила и да не гледа сител и мтв.
solucija, 20.09.2012 15:25:27
Eve samo nekolku predlozi za vasata programa:melioracija na R.Makedonija,kanali sto ce gi navodnuvaat polinjata;razvoj na konzervna industrija,sto ce gi prerabotuva i ovosjata i zelencukot,a ce se otvorat novi rabotni mesta;namesto spomenici sto gi serat chavkite,po edna mala fabrika vo sekoj grad;gasifikacija za izbegnuvanje na monopolot na ELEM;pomos pri zapocnuvanje mal biznis;zadrzuvanje na kvalitetnite kadri so nudenje perspektivna kariera vo kompaniite;usoglasuvanje na obrazovnite programi so potrebite na pazarot na rabotna sila..itn.Ve molam,zaprete ja shizofrenijata i ludiloto na ovaa vlast da ja stava rakata vo sekoj gjeb i da se fali deka e patriotska!Patriotite neka zaminat vo istorijata od pred Hrista,tamu im e mestoto!Dajte da se vrati verbata vo drzavata i kaj Makedoncite i kaj site etnikumi,toa go zasluzuvaat graganjite.Dosta e so trosenje narodni pari za lechenje frustracii na poedinci!Ovcite i taka ce ostanat OVCI,no ako nema ovchar ce se izgubat vo stadoto!
BitolaHamiltonCanada, 20.09.2012 15:37:44
DO SAPUN,Shto si se nafrlil na Elena so tolku nevkusni navredi.Si se raspenjavil duri od ustata ti izleguva sapunica.Ako ne se slagas so najziniot komentar,nemoras taka grozno da navreduvas.Pogotovo,shto komentarot e kratok i precizen.Jasno go kazuva ona shto graganite go sakaat od politicarite,*da prestanete da kradite.Tolku li e teshko*.Bilo toa SDSM ili DPMNE.Nesfatlivo e zoshto tolku grozno vreganje, koga i samiot ti sakas da znaesh kade i kako se potrosheni (ukradeni) 200 milioni Evra......Kako shto toa go sakaat graganite,poveke od 20 god.
James T Kirk, 20.09.2012 16:40:05
Истиот тој состав , кој 20тина години го лаже народот и манипулира со него , сега ќе го гледаат пред влезот на својата врата! Дали еден нормален граѓанин би ги пуштил уништувачите на Македонија во својот двор или куќа или стан?! Сигурно НЕ!
robert, 20.09.2012 19:39:07
smetam deka nema da ima potreba duri i od nekakvi predvremeni izbori.prognozirav pred 1 mesec i pak ke povtoram nesposobnata vlada na vmro ke si dade ostavka do krajot na ovaa godina.toa bi bil realen kraj na tekovnite slucuvana vo mk.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |