20.09.2012, 15:43 Страв од глобална криза за храна
Франција, која претседава со Одборот за храна на Групата 20, предлага мерки за намалување на осцилациите на цените на прехранбените производи, вклучувајќи и воспоставување стратешки резерви и поништување на одлуката за зголемување на употребата на биогориво за чие производство се користат прехранбени култури.
Цената на пченката и сојата достигнаа рекордно високо ниво поради најголемата суша во САД, и намаленото производство во Русија и кај другите извозници од регионот на Црно Море. Оттука и страв од нова глобална криза за храна, како онаа од 2008 година.
Шефот на Агенцијата за храна на Обединетите нации Хозе Грасија да Силва ја поддржа француската иницијатива за воспоставување стратешки резерви на земјоделски производи. „ФАО целосно ја поддржува оваа иницијатива. Од искуството знаеме дека поединечните земји не можат да обезбедат доволно храна. Мора да бидеме сигурни дека секоја држава има гарантирано снабдување со храна, а тоа е цел на стратешки резерви“, изјави Силва. (Ек.Р.)
|