Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
20.09.2012, 15:13

Филмската дива Софија Лорен наполни 78 години

Taa е последен европски секс-симбол - и покрај годините за многумина се' уште е една од најубавите актерки

Иако годините веќе одамна ништо не и' значат, а и кон родендените има лежерен, за некои, потценувачки став, филмската дива Софија Лорен денеска наполни 78 години. Овој последен европски секс-симбол вели дека никогаш, ама баш никогаш не дувала во свеќички на торта, бидејќи била презафатена со работата, односно целиот свој живот го посветила на филмот.

Инаку, Софија е жена со среќна ѕвезда - како што одминуваат филмските божици, таа има се' помала конкуренција, а привлечниот изглед навистина и' прилега на дрската јужна интелигенција и медитерански здрав разум што ја водеше низ актерската кариера. Во својата кариера може да се пофали со се' и сешто, глумеше буквално се', од трагедија до првокласна комедија. За нејзината генерација таа е последниот голем европски секс-симбол кој се' уште работи (зад себе има 100 филма), додека колешките Брижид Бардо и Џина Лолобриџида одамна се откажаа од возбудливите распореди за снимање.

Софија Лорен самата успеа да си ги препознае талентите кои систематски ги користеше. Таа во една пригода изјави: „Да се биде убав, никогаш не е на штета, но треба да се има нешто повеќе. Треба да сјаете, да сте забавни, да го натерате мозокот да работи доколку го имате“.

На свој начин Лорен зборува за тајната на нејзиниот успех. „Сексуалната привлечност е 50 проценти она што го имате и 50 проценти она што луѓето мислат дека го имате“.

Во нејзината биографија пишува дека е родена како Софија Шиколоне на 20 септември 1934 година во Рим, од вонбрачната врска на мајка и' Ромилда Вилани, кабаретска забавувачка. Растеше во голема сиромаштија во трошниот кварт Поцуоли во Неапол и, во тој стил, таа никогаш не си ги заборави корените. Но, големата сиромаштија никогаш не го обесхрабри нејзиниот дух, за што во едно интервју изјави: „Да се биде од Неапол, значи секогаш да се има оптимистички поглед на животот“.

Стартот на филмот ја бележи нејзината 14-годишна возраст, кога мајка и' ја пријавила на натпревар за убавина, криејќи и' ги годините. Две години подоцна, таа веќе позираше за фотографите за комичните стрип-новели и ја доби првата улога на девојка-робинка во филмот „Кво вадис“.

Меѓутоа, нејзината средба со Карло Понти кога имаше 15 години, кој подоцна стана нејзин сопруг, и' го смени животот. Понти ја подготви да стане ѕвезда, ангажираше инструктори за драма и даде мали филмски улоги, меѓу кои и настапот во неуспешниот филм од 1951 година „Ана“, под името Софија Лазаро. За нејзината прва голема улога во „Ла фаворита“ во 1952 година, Понти и' го смени името во Софија Лорен.

Понти веќе беше женет и во тоа време, кога разводот беше невозможен во Италија, двојката беше принудена тајно да ја одржува врската се' додека, конечно, не ја легализираа, венчавајќи се двапати - првпат во Мексико во 1957 година и повторно во 1966 година во близина на Париз, како француски државјани.

Меѓутоа, моралното расположение беше такво што едно познато италијанско католичко списание ги повика читателите да ги бојкотираат филмовите на Лорен. Па, сепак, во почетокот на 1960-тите години, Софија ги одигра најдобрите улоги во нејзината кариера, посебно во филмот „Чочара“ (1961) на Виторио де Сика, врз основа на сторијата на Алберто Моравија, што и' го донесе првиот „Оскар“.

Вториот го доби во 1990 година за животно дело, што беше проследено со помпезен цитат од Академијата, величајќи ја Лорен за нејзината богата кариера, со запаметени настапи што и' додадоа копнеж на нашата уметничка форма. Де Сика, исто така, беше одговорен за две од нејзините најзапаметени ��логи во „Вчера, денес и утре“, награден со „Златен глобус“ и во „Брак на италијански начин“, за кој повторно беше номинирана за „Оскар“. Исто така, таа постигна неочекуван успех со поп-хитот „Боже мој“, во кој настапи во дует со Питер Селерс, нејзиниот колега во „Милионерка“, направен врз основа на драмата на Џорџ Бернард Шо.

Во нејзините холивудски авантури се вбројуваат „Момче на делфин“ со Ален Лед, „Гордост и страст“ со Френк Синатра и Кери Грант, „Црната орхидеја“ на Мартин Рит, „Грофицата од Хонгконг“ на Чарли Чаплин, „Се' започна во Неапол“ со Клерк Гебл, „Арабеска“ и „Ел Кид“ со Чарлтон Хестон. Со текот на годините, Лорен тврдеше дека нејзините улоги ги опфаќаат најпозитивните вредности на Италија, но, пред се', таа ќе биде запаметена по нејзината легендарна убавина - квалитет кој се' уште можеше да се потврди. Сепак, улогите и' овозможија светска слава и препознатливост, а трите внуци од синовите Карло и Едуардо Понти среќна и исполнета старост.


Статијата е прочитана 828 пати.

Испрати коментар



Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Антологија на македонската поезија објавена во Израел
МРТВ во ново руво
Волшебните „Дед кен денс“ вечерва во Солун
Со скандалозно смелата „Пред ваши очи“, вечерва почнува МОТ
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Премиера на филмот на Иво Трајков во Битола
Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |