Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.09.2012, 15:57

(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“

Со грант од САД од 98.900 американски долари ќе се конзервира и ќе се реставрира конакот од 17 век во манастирот во Кучевиште.

ФОТО: Киро Попов

Денешниот сончев ден во Скопје, може да се рече беше и вистинскиот за потпишување на значајниот договор за грант со кој со 98.900 американски долари ќе биде обновен еден од двата конака во дворот на манастирот „Св. архангели Михаил и Гаврил“ во село Кучевиште, во Скопска Црна Гора. Конак, кој иако е сочуван во својата автентична состојба полека се распаѓа, а потекнува од 17 век. Договорот пред еден од ѕидовите на црквата го потпишаа американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а грантот е обезбеден од Амбасадорскиот фонд за културна заштита од кој досега во земјава се финансирани десет проекти. Предвидено е конзервацијата и реставрацијата на конакот за кој е надлежен Конзерваторскиот центар на град Скопје да заврши за една година.

Годинава за средствата од Американскиот фонд конкурирале 175 различни проекти од светот, а од пристигнатите апликации се одобрени само 43 гранта, од кои само седум проекти ќе се реализираат во Европа. Конакот ја надополнува убавината на манастирскиот комплекс, чија црква датира од 14 век и која ја содржи познатата богата програма на ретки и интересни теми што се сметаат за невообичаени на тлото на Македонија и во централниот Балкан, сцени на кои е прикажано пронаоѓањето на Светиот крст во Ерусалим и воспоставувањето на култот на иконите во Византија. Конакот се смета за значаен примерок на традиционалната македонска архитектура, а го сочинуваат приземје и кат со простран чардак. На чардакот, поради неговата незавидна состојба, во оваа пригода не ни беше дозволено да се качиме, но можевме да влеземе во неговите приземни одаи низ кои и денеска тече поток кој излегува во дворот, а е поврзан со воденицата зад конакот. Во конакот се' уште постои фурна и огниште, кои се' уште се во функција, а за целиот комплекс се грижи сестра Марија, која во него живее веќе 47 години.

Амбасадорот Пол Волер на македонски јазик го прочита своето обраќање, нагласувајќи дека амбасадата на САД во Скопје има доделено повеќе вакви грантови од која било друго американска амбасада во Европа. „Единаесетте проекти од Амбасадорскиот фонд во Македонија заедно изнесуваат над еден милион долари. Тие се симбол на нашата длабока почит кон уметничката и културната традиција на минатото, како и на нашата постојана посветеност за зачувување на овие богатства за следните генерации“, рече тој меѓу другото.



„Навистина ме радува фактот што за една година од сега, со стручна помош на вработените од Конзерваторскиот центар ќе му се врати автентичниот изглед и на овој манастирски конак и дека во ова свето место кое е вредна духовна ризница и низ годините натаму ќе опстојува духот на возвишеноста и безвременоста која ги обзема сите посетители“, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Потенцираше дека со потпишувањето на договорот за грант продолжуваат заложбите за обезбедување долговечност на сите споменици на старата македонска архитектура. „Со денешниот чин уште еднаш го потврдуваме партнерството помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, демонстрирајќи заедничка грижа за она што се вели светско културно наследство“, рече министерката.

И архиепископот г.г. Стефан, кој заедно со неколку претставници на МПЦ и стручни лица од областа на заштитата на спомениците на културата присуствуваше на потпишувањето на грантот, изрази благодарност до американската амбасада информирајќи ги присутните дека во околината на манастирот „Свети архангели Михаил и Гаврил“ се наоѓаат и други значајни споменици на културата.

Вториот манастирски конак кој е во добра состојба е изграден во 19 век. Манастирската црква е градена е по примерот на црквите на Света Гора, живописана е во 1591, под ктиторство на свештеникот Никола. Постојниот иконостас од кој е зачуван само крстот и иконите датираат од средината на 19 век.


Статијата е прочитана 514 пати.

Испрати коментар



Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |