19.09.2012, 12:19 Аврамопулос до ОН: Работете, не набљудувајте!
Иако Атина одбива средби за името, алиби за немањето вистински преговори побара во меѓународниот фактор
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос ќе побара од Обединетите Нации поактивно да се вклучат во решавање на спорот за името, а не само да го набљудуваат процесот. Тој најави средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во рамки на работните средби на Генералното собрание, како и со медијаторот Метју Нимиц в недела, штом пристигне во Њујорк.
„Ќе имам средба со генералниот секретар за да разјасниме некои концепти и да побараме од ОН и меѓународниот фактор да бидат поангажирани и вклучени,а не само да набљудуваат развој на една процедура која трае долго време и нанесува штета, меѓу другото и на стабилноста и соработката во еден чувствителен регион“, изјави Аврамопилос пред грчкиот Парламент додавајќи „во ОН во рамки на работните сесии на Генералното собрание ќе се сретнам и со министерот за надворешни на БЈРМ“. Потоа, тој испрати порака до Попоски дека треба да знае отсега која ќе биде рамката во која ќе се движи нивниот разговор, односно дека Грција има направено многу, дека очекуваат напуштање на националистичката реторика, како и дека работите се развиле во изминатите 20 години, односно дека поинаку почнал и поинаку се развил спорот за името. Аврамопулос посочи дека, и покрај спорот, двете држави немаат лоши односи и дека официјалниот грчки став останува име со географска одредница кое нема да остави простор за иредентистичка политика.
Според него, изминатите години грчките и македонските лидери имале средби и контакти, меѓутоа тие не довеле до главната цел, решение на спорот. Шефот на грчката дипломатија ги негираше обвинувањата од десничарските партии дека владата не му дава доволно значење на спорот и објасни дека ова прашање е од клучно значење за Грција. „Кога ќе има развој таму, тогаш едно по едно ќе се решат проблемите“, истакна Аврамопулос.
Заедно со оценката дека двете држави имаат добри односи, тој нагласи исто така дека Македонија не претставува безбедносна закана на Грција. „Го имате посетено регионот, не е ни потребно присуство од војска таму. Нема атмосфера или чувство на закана. Секое лето се отвараат портите, северна Грција тоа го знае најдобро“, истакна Аврамопулос фокусирајќи се на добрата туристичка размена меѓу Македонија и Грција, објаснувајќи дека голем дел од земјата, како на пример, Платамона е место каде ���царуваат“ туристи од Македонија. Спомена дека сака да види напредок во Македонија, како и тоа дека голем дел од инвестициите во нашата држава се од грчки компании.
Реплицирајќи на обвинувањето од пратеник на Златна зора во врска со грчките црвени линии, Аврамопулос истакна: „Работите на Балканот се развија на таков начин што географските региони имаат свое име. Меѓутоа тие не треба да ги загрозат историскиот или генералниот идентитет, зашто постојат докази преку науката и историјата“, нагласи Аврамопулос, додавајќи дека во Грција сакаат да видат во пракса примери на наша волја за решение, а не само залажување на меѓународните организации“, инсистираше Аврамопулос. Според него, ЕУ добро знае што се случува со спорот за името, иако немале целосно разбирање за теми кои се чувствителни за Грција. Според Аврамопулос она што се случува во Македонија не дава надеж дека ќе се дојде до компромис. „Некои кругови, голем дел од лидерите негуваат иредентизам, национализам и популизам за внатрешна употреба преку нивната реторика. Сакам да верувам дека мнозинството од граѓаните на Скопје не се согл��суваат со ова, дека со текот на времето- и ова е нешто што недостига во надворешната политика на некои држави од нашиот регион кои не гледаат во иднината- дека овие работи само ќе им направат лошо на нив“, оцени тој.
„Инспириран“ од излагањето на Аврамопулос, лидерот на десничарската партија Независни Грци, Панос Каменос побара одговор од грчкиот премиер Адонис Самарас дали се уште важи неговиот став од 1993 за неприфаќање на терминот Македонија дури и со географска одредница, како и дали за името планира да оди на референдум или планира одлуката да се донесе во парламентот. Двете нови десничарски партии во парламентот, Независни Грци и ултра-десничарите Златна зора според аналитичарите се очекува да предизвикаат нови главоболки за спорот за името и да продолжат да ја држаат националистичка линија што ја имаше ЛАОС во претходното собрание.
|
|
Статијата е прочитана 1469 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pile, 19.09.2012 13:25:51 | kaj Makedonskiot narod postoi edna izreka, ako samiot ne si pomognes tesko deka i drug ke ti pomogne.Baranjeto na iredentisticki stavovi kaj edna mlada demokratija kako sto e Republika Makedonija so isklucok na vidlivi konstatnti provokacii na poedinci od Vladata na R.Makedonija, vo stilot ,,i Nimic ceka datum da ja poseti Grcija ili ako sakaat Grcite i na celo neka im gi lepat nalepnicite na Makedonskite vozaci, e isto kako i da od drugata strana potpisnik na VS vo sekoja izjava poimite ,,zjiteli na Skopje ili ,,Skopjani sto korespondira so soglasnosta za ime Republika Makedonija (Skopje) na aktuelniot Premier vo zaminuvanje na R.M.na samitot na NATO 2008 godina vo Bukurest,sto doveduva do zastoj i nazaduvanje na procesot.Blamazjata za apsurdniot spor dvete sosedni zemji mora da ja prekinat vo ime na demokratskata zrelost i prosperitetot na idnite generacii.Radikalnoto odobrovoluvanje so dogovor za odnosi na nivo na EU pomegju dvete zemji e edno od mozjnite resenija,so megjunar |
| Bockalo, 19.09.2012 14:28:15 | A gcinata malku da go pocituvaat megunarodnoto pravo za covekovite prava, ane e na odmet i sluzbenicite vo ON da go storat istoto, pa da zakljucat deka sporot voopsto i ne treba da se vodi, bidejkji nikoj nema pravo da nekomu da spori ime identite( postoenje)!? |
| Koлку пати треба докази дека политиката е .урва, 19.09.2012 17:09:19 | Грција ја уназадува ЕУ демократијата. Грција нема исполнето критериуми за членка на ЕУ. Грција е држава со националшовинистички политичари а фашистите во нивниот парламант само јавно се декларираат. Во Грција се е националшовинистичко и школство и црква и армија со лажна историја и сегашност. Докази. Зарем треба да шкрапам докази на волку мал простор. Молба да ЕУ ако може некако да направат таму горе сосед Грција да им биде да си ја донесат до нивните граници а после да бараат добрососедство. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Претежно облачно
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|