18.09.2012, 14:15 Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умерените исламистите, вклучително и за Муслиманското братство
Насилните протести низ арапскиот свет, поттикнати од филм во кој се навредува исламот, можат да се рефлектираат во зголемената сила на салафистички групи кои имаат корист од проширувањето на слободата низ земјите од Арапската пролет, велат аналитичарите.
Салафистите се група на сунитски муслимани кои промовираат строг животен стил, базиран на традицијата на раните „посветени претци“, и направија изненадувачки скок во нивното влијание, воглавно во Египет, Либија и во Тунис.
Иако повеќето салафисти не се насилни, некои групи сега тежнеат кон верата заради употреба на сила.
Тие имаат „желба да создадат баланс меѓу силите на улиците, користејќи ја како изговорот за борба ’навреда на светоста‘ “, вели Жан Пиер Филиу, предавач на парискиот универзитет По.
Религиозните телевизиски канали кои се емитуваат од Саудиска Арабија - седиштето на салафизмот - се сметаат за движечка сила зад порастот на бројот на салафисти низ арапскиот свет во изминатите 20 години.
Но, иако се држени под цврста контрола во многу арапски земји, некои држави им даваат поддршка во тајната задача да ги „поделат исламистите“ и да го ослабнат воглавно Муслиманското братство, вели Башир Нафи, постар истражувач во центарот за студии Ал Џезира.
Другите режими, како што е оној во Сирија, го користат салафизмот „за плашење“ и за зголемување на нивното влијание меѓу вооружените групи како пропаганда против народните востанија, кои пак бара промени на режимите во закоравените автократии.
За разлика од Муслиманското братство, кое е добро структурирана политичка организација, салфистите се организираат во мали групи околу влијателните свештеници и се фокусирани на одбраната на верата, велат експерти. - Нивниот политички дискурс остана во состојба на зародиш, а социорелигиозните реформи остануваат нивен главен приоритет, вели Стефан Лакроа, авторот на „Будењето на исламот: Политиката на религиозните немири во современа Саудиска Арабија“.
Филиу смета дека терминот салафисти нашироко се користи за „разликување на исламистите, кои се поддржани од Саудиска Арабија, од тие на Муслиманското братсво“, и додава дека Катар, која игра водечка улога во поддршка на арапските востанија, „е сега поблиска со Муслиманското братство“.
Салафистите стануваат се попрису��ни во арапските земји каде диктаторите кои владееја со челична тупаница беа сменети со неочекуваните востанија. Во Либија салафистите се осмелија да уништуваат муслимански светилишта, за кои тие сметаат дека се спротивни на исламистичките учења, откако диктаторот Моамер Гадафи беше сменет и убиен минатата година. Мнозина од нив се организираат во помали групи.
Но, салафистичките вооружени групи, кои себеси се нарекуваат бригадите Ансар ал шарија, неделава негираа дека учествувале во нападите на американскиот конзулат во Бенгази, каде беа убиени четворица, меѓу кои и американскиот амбасадор.
Нападот се случи кога демонстрантите тргнаа кон дипломатската мисијата на САД, гневни заради филмот со наслов „Невините муслимани“, од кои делови беа поставени на Интернет, и по кои илјадници луѓе во муслиманските земји излегоа на улиците да протестираат.
Во Тунис, четворица демонстранти беа убиени и 49 повредени, кога во петокот полицијата се судри со демонстрантите, кои излезе дека биле салафисти, и ја напаѓаа американската амбасада.
Салафистите беа забранети под режимот на сменетиот претседател на Тунис, Зине ел Абидин Бен Али, кој во јануари минатата година избега од земјата, бегајќи од првото востание кое го распали бранот протести на Арапската пролет.
Сега тие се поделени во две групи: свештениците кои го одбиваат насилството, и џихадистичката линија која е одговорна за неодамнешните напади на културните настани заради наводна навреда на исламот. - Мнозинството од арапските салафисти продолжуваат да одбиваат мешање во политиката, вели Филиу, додавајќи дека тие остануваат „подготвени да тргнат насилно“ против било што за кое тие сметаат дека е навредливо за исламистичкото учење.
Постојат се повеќе изгледи дека тие ќе продолжат со жестоки дела „во земјите каде тие не се вклучени во политиката“, како што се Либија и Тунис, вели Лакроа. Но, во Египет, каде салафистичката партија Ал Нури е сега длабоко инволвирана во политиката, оваа група одбра „умерен дискурс“, додава тој.
Салафистите направија спектакуларен излез на политичката сцена во Египет, освојувајќи 25 проценти од пратеничките места во првите избори по смената на претседателот Хосни Мубарак. Тие беа втори, по Муслиманското братство.
Но, според Нафи, овој феномен нема да трае. - Подемот на салафистите е транзициски феномен. Слободата и демократијата ќе ги притиснат назад кон нивната реална големина, рече тој. (Ал Ахрам) |