19.09.2012, 13:47 (ФОТО) Крвава пресметка на пазарот во „Ѓорче Петров“
Љубиша Станковиќ
ФОТО: Петр Стојановски
Во масовна тепачка која утрово се случила на улицата „4-ти Јули’, односно на Зелениот пазар во скопската населба Ѓорче Петров неколку лица се здобиле со тешки телесни повреди, а еден од повредените е во критична состојба и според мислењето на лекарите тој се бори за живот.
Имено, во масовната тепачка, која се случила денеска во 6,30 часот и' претходела претходна нетрпеливост на двете инволвирани семејства.
Како што потврдиоја од Министерството за внатрешни работи во тепачката било употребено и ладно оружје, а тешкиот инцидент се одиграл пред дуќанот „Пантер Мис“. Имено, најпрвин настанала вербална расправија која по кратко време преминала во тепачка во којас ичествувале А.Д.(22) од една страна и Р.А.(24) и неговиот татко А.А.(54) од друга страна. Во раздвојување на „завојуваните“ страни дошло лице кое што било вработен како обезбедувањето на „Скопски Пазар“, но на помош на А.Д. му дошле неговите браќа Е.Д.(21) и С.Д.(26). Тие физички го нападнале момчето удирајќи го по целото тело со боксови и клоци, но во тепачката се вклучил и неговиот татко.
Во масовната тепачка биле употребени се ножеви со кои и биде зададени повредите. Така, А.Д. се здобил со три убодни рани во пределот на телото и тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница “8 –ми Септември“ каде му била укажана медицинска помош. Според непотврдени сознанија нему му била нанесена расекотивна во пределот на препоните што, наводно, предизивикало обилно крварење, а се укажала потреба и од негова реанимација. Токму поради карактерот на повредите А.Д. бил задржан за натамошно лекување и неговата состојба се цени како критична.
На Е.Д. му биле нанесени пет убодни рани во телото и истиот и тој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Лекарите неговата состојба ја ценат како тешка и затоа бил задржан на натамошно лекување. Третиот брат, односно С.Д., се здобил со две убодни рани во пределот на телото, но лекарите од Клиничкиот центар неговата состојба ја ценат како лесна и затоа се очекуваше тој да биде пуштен на домашно лекување.
Полициски увиден тим, но и Истражен судија и Јавен обвинител, денеска беа на местото каде што се одиграл настанот. Полициските инспектори ги обезбедиле сите материјални траги и докази кои се предадени за вештачење, а биле обезбедени и вербални докази ��д очевидци на инцидентот.
Досегашниот тек на полциската истрага покажал дека мотивот за тепачката бил пресконувањето на оградата на пазатор. Имено, А.Д. сакал да ја прескокне оградата, но лице задолжено за обезбедувањето на пазарот му кажало дека тоа е недозволено. На работникот од обезбедувањето поддршка му дале и синот и таткто по што и започнала баналната расправија, која прераснала во тепачка со повредени лица.
Од МВР најавуваат мерки и активности во насока на расчистување на случајот, но и кривични пријави за сите инволвирани во настанот. (Љ.С.)
|