17.09.2012, 17:59 Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
Истрагата покажала дека во неговите гради било пукано одблизу и биле пронајдени барутни честички на неговите раце
Љубиша Станковиќ
Смртоносните повреди на разузнавачот Јонче Грујоски му биле нанесени од неговиот службен пиштол. Во неговите гради било пукано одблизу и биле пронајдени барутни честички на неговите раце. Ова се деталите од истрагата која полицијата ја отвори по трагичното загинување на новоименуваниот разузнавач Јонче Грујоски. МВР ја исклучува можноста дека станува збор за убиство.
Од полицијата велат дека имале потреба од дополнителни проверки и обезбедување искази од колеги на загинатиот, но и од други лица. Токму дополнителните проверки потврдиле дека загинувањето на Јонче Грујоски не било предизвикано од друго лице. Резултатите од истрагата на МВР се совпаднале со оние на Институтот за судска медицина и криминалистика. Така, било констатирано дека пукањето в гради било од сосема мала оддалеченост. Куршумот што бил смртоносен потекнувал од неговиот службен пиштол, а методата на парафинска ракавица покажала присуство на барутни честички.
Со оглед на тоа што истрагата за МВР е затворена, по комплетирањето на сите докази што беа наредени од истражен судија ќе треба да се очекува уште една наредба со која и формално ќе биде затворена истрагата.
Разузнавачот Јонче Грујоски во петокот попладне беше пронајден со прострелна рана од огнено оружје. Со оглед на тоа што Грујоски во Агенцијата за разузнавање е вработен пред само неколку месеци, се јавија сомнежи што упатуваа на можноста неговата смрт да била насилна. Сомневањата беа уште позасилени по сознанието дека станува збор за лице кое е искусно во својата професија и вешто во ракување со огнено оружје.
Професионалната кариера на Грујоски започнала уште на негова 18-годишна возраст кога се вработил во Министерството за внатрешни работи. На почетокот тој бил униформирано лице за потоа да премине во елитните специјални единици. Грујоски извесно време бил припадник и на Специјалната полициска единица „Тигри“, а како што неофицијално се дознава, бил и во сега расформираната единица „Лавови“.
Без малку цели десет години Грујоски работел како инспектор во Одделот за недозволена трговија и шверц, а зад неговото име се врзувале неколку успешни акции и заплени. Од пред неколку месеци Грујоски заминал на новото работно место во Агенцијата за разузнавање. |
|
Статијата е прочитана 3531 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jole, 17.09.2012 21:44:43 | mozebi bilo taka, ama retko koj moze da poveruva vo taa prikazna. |
| nekoj znae i ne zaborava, 18.09.2012 06:16:45 | Isto kako i pred nekoja godina sto se samoubi vozacot na vladata vo garazite vo kockite kraj Vardar. Isto kako sto Vlado Taneski se udavi vo kofa so voda. Isto kako sto zagina vo soobrakjajka inspektorot na MVR slednoto utro po ubistvoto na Dime Postarot vo 2003. Dolg e spisokot... |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 18.09.2012 07:12:25 | А зашто не се зеле парафински ракавици од колегите? А мотивот кој бил? Сумлива и нејасна работа. |
| kaznet, 18.09.2012 11:10:19 | Ајде така нека биде? |
| Darko, 18.09.2012 13:59:19 | Smrtta na razuznavaci ostganuva misterija i vo mnogu podemokratski drzavi od nasava. I da bilo ubistvo i da bilo samoubistvo nie nikogas nema da doznaeme. Za zal...
|
| pile, 18.09.2012 15:05:45 | Sekoj javen obvinitel sto ke stavi svoj potpis na predmetot kako zatvoren, vo uslovi na dovolno podatoci za negovoto dvizjenje vo sluzjbata od pripadnik na lavovite vo 2001 godina, pripadnik na ,,alfi i plan za preseluvanje vo Avstralija, vo uslovi na kakva takva dostapnost na informacii vo mediumite kako taa vo nedelnikot ,,Fokus za obid za sverc na eksploziv vo 2001 godina i zaplena na granicniot premin Tabanovce,nekoe utre ke se sooci so gorclivata vistina i so odgovornost, kako i so ocenkite od megjunarodnite institucii.I na kogo seuste ne mu e jasno zosto i na kogo mu odgovara odlaganje na sproveduvanje na noviot Zakon za Krivicna postapka, pa makar i vo takov oblik.BUDNO MAJKO MAKEDONIJA |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Претежно облачно
|
Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 14°C
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го вика�� Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|