Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.09.2012, 17:11

Поглед

Три против еден

Маја Томиќ

Се прават очајнички обиди да се спречат белите мантили да штрајкуваат на 24-ти септември. Еден од полесните начини е да се направи внатрешна поделба меѓу нив. Така, ако во почетокот докторите, здружени во самостојниот синдикат на Клинички центар, беа единствени во ставот да штрајкуваат поради одлуката на Министерството за здравство за плата според успешност, сега веќе не се.

Експресно, за неполн месец се формираа уште три паралелни синдикати, чии членови се изјаснија дека не се за штрајк, но и дека не знаат која им е стратегијата, колкаво членство бројат и кои им се барањата до Владата. Ништо чудно ако за некој ден се појави уште еден здравствен синдикат.

Граѓаните се прашуваат како може на едни доктори да не им се допаѓа добивање плата по успешност, а други да ја поддржуваат таа одлука. Шпекулациите одат и до таму, дека иницијативата за паралелно формирање на уште три синдикати е на Владата, а се реализирала со помош на докторите-симпатизери на владејачката гарнитура. Целта е едноставна, да се разбијат штрајкувачките идеи, односно да нема штрајк.

На министерот за здравство Никола Тодоров, секако, не му оди во прилог бунт во неговиот ресор. Затоа тој и повлече апсурден потег - поднесе тужба против синдикатот на Клинички со која бара забрана за штрајкување додека судот не ја донесе конечната одлука. Првото рочиште е закажано веќе за утре. Тодоров го тужи синдикатот дека не го почитувал периодот за помирување и самостојно ја утврдил формата на штрајк.

И, на крајот, како и секогаш, подебелиот крај ќе го извлечат пациентите. Тие се во недоумица дали здравствените установи ќе бидат отворени за време на штрајкот и кој од лекарите од четирите синдикати ќе им ја овозможи соодветната услуга.










Статијата е прочитана 1294 пати.

Испрати коментар



Писма - За увозот на пченицата
Писма - Лустрацијата ќе создаде нови страдања
Министре, знаете ли што е синдикат?
Зависници од успех
Збогум, Европо



cane sokolovski, 19.09.2012 05:26:08
Sto na ova moze da se kaze osven: Oh, tempora, oh mores!
квалитет против неквалитет, 19.09.2012 07:48:07
„Граѓаните се прашуваат како може на едни доктори да не им се допаѓа добивање плата по успешност, а други да ја поддржуваат таа одлука.“ Многу е едноставно: има доктори кои не ги бива и не сакаат да работат - тие не сакаат плата по учинок, а има и доктори кои знаат и сакаат да работат - тие сакаат наградување по учинок.
Istocna Makedonija, 19.09.2012 07:57:00
Maja,fakt e deka na sekoja vlast ne i konvenira nekoja fela da strajkuva,osobeno prestizna i kredibilitetna kako doktorskata.I zatoa se aktuelni legalnite i zadkulisnite modusi,najaveniot strajki na doktorskata fela da se spreci,ili barem amortizira vo negoviot intenzitet.Ne,tri,ako treba ke niknat,preku nok i trieset sindikati.Ima strajkuvaci i strajbeheri. Ima doblesni i strucni doktori,no i inakvi.No,najgo lem fakt e deka za nivnata odgovornostt/zdravje na graganite/se slabo plateniI
milan, 19.09.2012 09:12:40
Prviot vezir na zdravstvoto seznajko dobi podrska i na tv. od velicanstveniot a sudstvoto na velicestvoto mnogu brzo reagira.Epilogot ke bide: onoa malku kvalitetni lekari na klinicki ke zamine vo privatniot sektor.Spored toa koj ima pari ke se leci,a koj nema neka ja ceka molitvata na dedo Stefan vo mermer maalo.
anti-patriot, 19.09.2012 12:28:56
pa plasticen primer za rabotata na doktorite e mojot slucaj na odenje na doktor urolog vo kav.medicinski centar.na vrata pisuva deka doktorot pocnuva so rabota vo 8.00 a toj pocna so pregledi tek vo 9.00.pregledite gi vodi do 13.00 a toj vece vo 12.20 e vece zaminat doma.koga na krajot uspeav da vlezam doktorot pocna da se kara so mene od za mene neobjasnivi pricini.koga nekako na kraj uspeav da go objasnam mojot problem doktorot se fati za mojot maticen lekar i za lekovite koj toj mi gi prepisal,pa odbi ponatamu da pregleduva i edvaj izvlekov uput za proverka na krv i mikrobiologija.taka da placanjeto po ucinok mora da dojde do izraz tokmu poradi vakvi slucai
Vinci, 19.09.2012 13:15:15
Nitu vo *Tunguzija* vlasta ne formira paralelni sindikati!!!!????Za zal vakvite metodi na prerodbenicive, a veke poduceni od mnogute budalastini od nivnoto sest godisno vladeenje i ne se nekoja novina, no tragicno e sto se slucuva vo edna sfera, vo koja zaklucokot na avtorkata najmnogu drzi.....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |