19.09.2012, 12:02 Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
Сериското производство на моделот 500Л, кој ексклузивно се произведува во Крагуевац, почна на 4 јули, а до крајот на годинава треба да се произведат 30.000 возила
Новиот модел на Фиат 500Л, кој ексклузивно се произведува во Крагуевац, е претставен во италијанската Амбасада во Белград, со најава дека оваа година Србија од неговиот извоз ќе оствари профит од 450 милиони евра.
Фиат планира до крајот на годината да произведе 30.000 возила од овој модел, чија официјална продажба во Србија почнува на 22 септември.
„Фиат Автомобили Србија“ очекува идната година да произведе меѓу 140.000 и 160.000 Фиат 500Л, а земјата од извозот може да очекува профит од речиси две милијарди евра.
Моделот 500Л ќе се продава на повеќе од 100 пазари во светот, меѓу другите и во САД. Понудата на мотори опфаќа два бензински и два дизел агрегати. Основниот модел во Србија ќе чини 13.490 евра.
Сериското производство на моделот 500Л почна на 4 јули годинава. |