Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.09.2012, 12:09

„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Ѓорге Иванов, кој на македонските филмови  „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“ им посака успеси на фестивали и прикажувања во кината низ светот

Со долг аплауз и овации, публиката во преполниот Центар за култура во Битола синоќа ја награди екипата на „Трето полувреме“ која излезе на сцената по премиерата на филмот.

Режисерот Дарко Митревски рече дека филмот е посветен на Нета Коен и дека идејата е од пред 12 години кога неа ја запознал и му станала инспирација за филм, од чија животна приказна, како што рече, и денес не може да остане емотивно рамнодушен.

- Ми ја раскажа својата животна трагедија, ми раскажа како го загубила своето семејство и ми ја раскажа својата голема победа – како низ нејзината, за она време забранета љубов, продолжила лозата на нејзините предци, рече Митревски.

Филмот го посвети и на 11-те члена на спортскиот клуб „Македонија“, за кои исто така раскажува филмот, на 98 отсто Евреи од Македонија кои во 1943 се убиени во логорот Треблинка, на 20.000 животи загубени во фашизмот во Втора светска војна.

- Да не беа тие луѓе ќе немаше ни фестивал, ќе немаше ни кинематографија, ќе не немаше ниту нас. А ќе ја немаше ни Македонија, рече Митревски.

Поради големиот интерес на публиката за која се малку 800-те места во Центарот за култура, по премиерната имаше и репризна проекција.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Ѓорге Иванов, кој на „Трето полувреме“ и на „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски им посака успеси на фестивали и прикажувања во кината низ светот.

Шефот на државата и ја врачи Специјалната награда „Златна камера 300“ на француската актерка Катрин Денев, ексклузивна гостинка на фестивалот. Специјалната награда „Златна камера 300“ за придонес во светската кинематографија на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер му ја врачи Горјан Тозија, претседател на Друштвото на филмските работници на РМ.

Бергер, кој е познат по соработката со режисерот Михаел Ханеке, им порача на директорите на фотографија дека најважната алатка секогаш ја имаат во себе, а тоа се очите, мозокот и срцето. Рече дека за еден кинематографер нема добра шанса без добар режисер. Денев, пак, додаде дека актерот не е многу без кинематограферот.

- Првпат сум во Македонија и задоволство ми е што сум тука и што ја делам наградата со Кристијан Бергер чија работа многу ја ценам, рече филмската дива. Таа денска ќе има средба со филмофилите и новинарите, а во нејзина чест ќе биде прикажан филмот „Последното метро“ за кој е наградена со „Цезар“.


Статијата е прочитана 782 пати.

Испрати коментар



Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“
Никогаш поголемо интересирање за отворањето на „Браќа Манаки“
Во Конго отриен нов вид мајмун
Ново шоу од кујната на Џамбазов
Филмот на Киро Урдин со престижна награда во Кина
Универзумот на „Мугер фугер“ вечерва премиерно во „Ла Кања“
„Ристо Шишков“ за Никола Ристановски
„Трето полувреме“ е годинешен кандидат за „Оскар“
Џејмс Бонд жртва на семејно насилство
Се породи Адријана Лима
Маџиров ја доби на стипендијата „Маргерит Јурсенар“
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
„Епл“ го претстави iPhone 5 со четири инчен екран
Девет претстави на 37. Млад отворен театар
Културен мост меѓу Македонија и Словенија
Се продава островот на Џон Ленон
Врвна романска гимнастичарка стана проститутка
„Блех фестивал“ на Градска плажа
Стрип-изложба на Сотировски на „Манаки“
Македонската филхармонија со концерт во Битола

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Понеделник
Грмотевици со дожд
Макс: 26°C, Мин: 14°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |