Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.09.2012, 10:05

Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“

Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас

Највозраснотo вработено лице во САД е 100-годишниот Лорен Вејд, кој веќе 29 години работи во продавница од синџирот супермаркети „Волмарт“ во градот Винфилд, во државата Канзас.

Тој воглавно работи зад пултот за храна за животни, но може да стои и на касата и да ги советува клиентите за изборот на производите.

На ова работно место Лорен почнал во 1983 година, а сега добива по 14 долари на час и работи по 30 часа или пет дена во неделата.

Пензијата на Лорeн, инаку, му изнесува 1.700 долари месечно, но со дополнителните пари, тој може, на пример, да ја изведе својата 83-годишна сопруга во ресторан и да си дозволи други екстра погодности.

Лорeн неодамна ја доби наградата за најпримерен работник за 2012 година од американската асоцијација „Експириенс ворк“, која го поттикнува вработувањето кај возрасните луѓе.

Пред да стане продавач Лорен бил вработен во компанијата Форд, имал продавница за макети, работел во расадник и бил вработен во системот за железнички транспорт.

Тој годишно има право на четири недели одмор, кога свири на саксофон и ја средува својата градина.

Во САД во 2010 година беа регистрирани 53.000 стогодишници.

Според податоците на Меѓународното биро на труд, 1,25 милиона лица на возраст над 75 години се` уште работат во САД.


Статијата е прочитана 1314 пати.

Испрати коментар



Никогаш поголемо интересирање за отворањето на „Браќа Манаки“
Во Конго отриен нов вид мајмун
Ново шоу од кујната на Џамбазов
Филмот на Киро Урдин со престижна награда во Кина
Универзумот на „Мугер фугер“ вечерва премиерно во „Ла Кања“
„Ристо Шишков“ за Никола Ристановски
„Трето полувреме“ е годинешен кандидат за „Оскар“
Џејмс Бонд жртва на семејно насилство
Се породи Адријана Лима
Маџиров ја доби на стипендијата „Маргерит Јурсенар“
„Епл“ го претстави iPhone 5 со четири инчен екран
Девет претстави на 37. Млад отворен театар
Културен мост меѓу Македонија и Словенија
Се продава островот на Џон Ленон
Врвна романска гимнастичарка стана проститутка
„Блех фестивал“ на Градска плажа
Стрип-изложба на Сотировски на „Манаки“
Македонската филхармонија со концерт во Битола



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |