Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.09.2012, 12:30
Кацин: Македонија мора да одговори на внатрешните дилеми



Словенечкиот европратеник е убеден дека усвојувањето на предлог резолуцијата за Политиката и критериумите за проширување и стратегиските интереси на ЕУ, ќе се одрази позитивно на земјите од Западен Балкан

„Мислам дека ова е пред се’ конструктивен пристап, кој овозможува многу работи. Не само поради овој извештај овде, туку и поради некои активности и начини како тоа се изведува во Србија. Сега можеме да се надеваме дека Србија ќе стане мотор и ќе престане да глуми кочница за целиот Западен Балкан. Тоа сигурно дека ќе може да ги подигне амбициите во другите држави на регионот и тоа би го поврзало целиот регион во меѓусебна соработка, кој исто така е најдобриот аргумент дека ЕУ треба да се проширува“, оценува словенечкиот европратеник Јелко Кацин за Дојче веле.

Словенечкиот либерал смета дека е многу важно што Комисијата сега има право да ги отвора најтешките поглавја 23 и 24, што ќе дозволи брз напредок за земјите од регионот.

„Она што според мене е посебно важно е дека кога ќе започнат преговорите, Европската комисија има право да отвора многу конкретни прашања и случаи. Мислам дека тоа е најдобар пат уште на самиот почеток, кога се отвораат најтешките поглавја, 23 и 24 со кои се опфатени правната држава, правото на малцинствата и слободата на медиумите, да се воспостави некое сосема различно општествено расположение и очекување со што може брзо да се напредува во сите други поглавја. Тоа според мене е исклучително важно, посебно за државите од Западен Балкан, бидејќи тоа ќе им овозможи брз напредок, додека на јавноста ќе и дозволи да има многу разбирлив пристап на Европската комисија во корист на земјите кандидати кои преговараат и во корист на проширувањето на Европската унија.“

Што се однесува до случајот со Македонија, таа според Кацин мора да одговори на внатрешните дилеми.

„Македонија е дел од регионот и Македонија мора пред се’ да одговори на внатрешните дилеми. Ова што се случува сега, во овие денови, секако не е порака од Македонија, која би ја охрабрило Европската унија, а уште помалку Европската комисија, која е надлежна да укажува на проблемите, кои ги имаат поедини држави. Јас би се послужил овде со зборовите на комесарот Штефан Филе, што ги има кажано неодамна во врска со Србија, но тоа важи исто така за Македонија: ’Нема да барам дозвола, да го критикувам она, што земјата ја оддалечува во други правци од евроинтеграцијата’“.

Во прелог резолуцијата нема посебни делови посветени на земјите кандидати, во случајов Македонија, единствено е поздравена иницијативата на Европската комисија за пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, со кој се создава „свежа динамика во реформскиот процес“ при што се нагласува дека тие иницијативи на никој начин не смеат да ги заменат формалните преговарачки процедури.

При гласањето на резолуцијата не помина амандманот британскиот европарламентарец Ендрју Даф, кој е од истата политичка група на Кацин - Алијансата на либералите и демократи, во кој тој бараше да се замени референцата „поранешна југословенска република Македонија“ со „Македонска држава“, за ова словенечкиот европратеник и известувач за Србија вели: „Во оваа фаза не би зборувал директно за амандманите, бидејќи извештајот треба да се усвои на пленарната сесија и до тогаш се’ уште има прилики и можности работите да се поправат“.

Конечната верзија од резолуцијата предложена од грчката европратеничка Мариа Елени Копа (социјалисти демократи), се очекува да биде усвоена на една од наредните пленарни сесии на ЕП, кога се можни нејзини дополнување и нови амандмански измени.

Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар



Продолжува комисиската расправата за Законот за бранителите
Од џамија укадени 20.000 евра
СДСМ - Еврозоната и ЕУ не се во рецесија
Македонија спроведе многу реформи со високиот предпристапен дијалог
Груевски - Владата презема мерки за надминување на увезената рецесија
Доколку се загрозат институциите, ВМРО - ДПМНЕ е подготвена за избори
Се регулира заминувањето на македонските работници во странство
Град Скопје распиша конкурс за архитектура
Девет цивили загинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Измамнички „заспале“ сопружници и ги ограбиле
Нуркачи го чистат дното на Охридското Езеро
Карл Билд спречен да ја посети Тимошенко
Апсења во Москва по „Маршот на милионите“
Арифи со позитивни очекувања пред средбата со Филе
Во прекин сообраќајот на патниот правец Ресен-Охрид
Четворица НАТО војници загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Измамник од Германија ветувал вработувања во странство
Безбедноста на принцот Хари во Авганистан не е загрозена
Владата го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
СДСМ - За рецесијата е виновна лошата економска политика на Владата
Осум фирми добија 2,7 милиони евра од кредитната линија на МБПР
Талат Џафери пред Комисијата ја читаше „Тишина“ од Ацо Шопов
Ставрески - Владата подготвена со многу мерки против рецесијата
Груевски - Законот за бранителите не е против некој етникум
Талибанците ја нападнаа базата на принцот Хари
Почнува изградбата на Институтот за белодробни заболувања
О Нил - Меѓународната заедница да и каже „не“ на Грција
Разузнавач почина од истрел на работното место
Прва средба Иванов - Нишани во Охрид. Загина телохранител на албанскиот претседател
Запалена германската амбаса во Судан
„Оне“ одбележа 10 години во Македонија
Папата дојде во Либан со порака за мир
Гореше само во Националниот парк „Јасен“
Почина Драган Тумановски, судија во Врховниот суд
СДСМ бара одговор од Владата за училиштата во Чаир
Ердоган - Изетбеговиќ ме замоли да се грижам за БиХ
Скопјани на 23. септември ќе појадуваат на Камениот мост
Гостиварец преживеа пад со возило во бездна
Попоски - Македонија е конструктивна кон соседите
Цистерни на „Млаз“ биле користени за шверцот, тврди Магаш
Инфлацијата ја креваат цените на храната и на нафтата
Македонија и официјално во рецесија!
Талат Џафери урива рекорди во молчење
Јапонија се откажува од нуклеарната енергија
Дожд, град и силен ветер денеска и за викендот
Нови судири пред американската амбасада во Каиро
„Скопје сити мол“ ќе ги отвори вратите на 4 октомври
Четворица уапсени за нападот во Бенгази
Препораката на СЗО нема да го намали бројот на пушачи
Грците ќе одат во пензија на 67 години
„Индепендент“ - САД имале информации за нападите врз дипломатските мисии
Четворица руски туристи загинаа во автобуска несреќа близу Солун
СДСМ протестира за контрапротестите
Американската амбасада во Скопје на штрек
Мексиканската морнарица го уапси наркобосот „Ел Кос“
Кралев најави прекршочни пријави за Чаир
Магаш тврди дека имал „бизнис“ врски со Љубчо Георгиевски
„Лов“ на танчерки во Полог



девичанецот, 14.09.2012 12:45:23
А нели би му било подобро на Јелко Кацин да си ги решава проблемитена својата земја, кои ептен се намножија по нејзиниот влез во ЕУ. Подобро не само за него, туку и за неговите сограѓани.
poznavac, 14.09.2012 18:16:25
Кацин беше едно време коментатор во словенечкиот неделник Крила кога го критикуваше производството на тогаш Југословенскиот Нови Авион ловецот што Југославија тогаш го конструираше, меѓу во тоа време, 5-6 држави во светот што произведуваа авиони ловци. Ако знаеме дека воздухопловната индустија е двигател на технолошкиот напредок тогаш овој човек се пробил со критикување на напредокот. толку за него.
sando makedonac novoselec, 14.09.2012 22:14:52
Kacin prvo rešete si gi vašite vnatrešni raboti vo slovenija ste financijski beter od grčka samo što javnosta ne znae i togaš deli pamet na drugite
Трпе, 15.09.2012 08:10:01
Како се осмелуват некои странски политичари да дават совети на нашата државичка,кога нашата земја е рај на светот(така кажуват нашите владетели).Тие нека му мислат за своите земји а ние немаме каде да пропаѓаме кога сме на дното.Актуелната власт се спрема да дупчи ако може да се оди и подолу.
well done, 16.09.2012 10:38:49
Na kogo mu e gajle sto misli covekov....Vidi si ja Slovenija bankrotira pa posle filozofiraj

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Нов фељтон на Утрински Весник Јованка Броз-Титова совладетелка
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |