Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.09.2012, 17:17
Владата го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета



Владата ги усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот закон со што влегува во кругот на држави кои ја имаат декриминализирано навредата и клеветата.

Законските решенија, информираат од Владата, се усвоени на вчерашната владина седница.

Оттаму истакнуваат дека на овој проект се работело подолг временски период и во изготвувањето на законските решенија биле вклучени Здружението на новинари, претставници од науката, судии и јавни обвинители. Основа за изготвувањето на двата наведени закона била компаративната анализа во оваа област и меѓународнте стандарди кои се целосно вградени во конкретните законски решенија.

Може да се констатира дека Република Македонија со донесувањето на овие закони ќе биде една од ретките држави која во законските решенија има инкорпорирано стандарди повисоки и од оние кои се содржани во меѓународните документи. Тука пред се се мисли на Документот 11305 од 25 јуни 2007 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа насловен како „Кон декриминализација на клеветата“, изготвен од Комитетот за правни прашања и човекови права и на Препораката на Комитетот на министри Рец (2004) 16 за правото на одговор во новата медиумска средина. Исто така, при изготвувањето на конкретните законски решенија во целост е земена предвид и богатата јурисподенција на Европскиот суд за човекови права која се однесува на членот 10 од Европката конвенција за човекови права, велат владини извори.

Со измените и дополонувањата на Кривичниот законик се бришат сите кривични дела од главата која се однесува на честа и угледот. Со тоа, се јакне слободата на изразување и на медиумите воопшто. Покрај кривичните дела „Навреда“ и „Клевета“, кои претставуваат клучни дела, од оваа глава се бришат и останатите кривични дела кои се однесуваат на: Изнесување на лични и семејни прилики, Омаловажување со префрлање за кривично дело, Повреда на угледот на Република Македонија, Излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, Повреда на угледот на судот, Повреда на угледот на странска држава и Повреда на угледот на меѓународна организација.

Со бришењето на наведените кривични дела од Кривичниот законик се востановува единствено граѓанска одговорност за навреда и клевета. Оваа материја е уредена во новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Со законот се воведува нов концепт на одговорност за навреда и клевета, усогласен со препораките на Европската унија, Советот на Европа, како и најновите тенденции во европските законодавства, во контекст на јакнење на слободата на јавно изразување на мислата и определувањето, слободата на медиумите. Притоа, негова основна цел е да ја гарантира слободата на изразување и информирање како една од битните основи на демократското општество.

















Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар



Продолжува комисиската расправата за Законот за бранителите
Од џамија укадени 20.000 евра
СДСМ - Еврозоната и ЕУ не се во рецесија
Македонија спроведе многу реформи со високиот предпристапен дијалог
Груевски - Владата презема мерки за надминување на увезената рецесија
Доколку се загрозат институциите, ВМРО - ДПМНЕ е подготвена за избори
Се регулира заминувањето на македонските работници во странство
Град Скопје распиша конкурс за архитектура
Девет цивили загинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Измамнички „заспале“ сопружници и ги ограбиле
Нуркачи го чистат дното на Охридското Езеро
Карл Билд спречен да ја посети Тимошенко
Апсења во Москва по „Маршот на милионите“
Арифи со позитивни очекувања пред средбата со Филе
Во прекин сообраќајот на патниот правец Ресен-Охрид
Четворица НАТО војници загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Измамник од Германија ветувал вработувања во странство
Безбедноста на принцот Хари во Авганистан не е загрозена
СДСМ - За рецесијата е виновна лошата економска политика на Владата
Осум фирми добија 2,7 милиони евра од кредитната линија на МБПР
Талат Џафери пред Комисијата ја читаше „Тишина“ од Ацо Шопов
Ставрески - Владата подготвена со многу мерки против рецесијата
Груевски - Законот за бранителите не е против некој етникум
Талибанците ја нападнаа базата на принцот Хари
Почнува изградбата на Институтот за белодробни заболувања
О Нил - Меѓународната заедница да и каже „не“ на Грција
Разузнавач почина од истрел на работното место
Прва средба Иванов - Нишани во Охрид. Загина телохранител на албанскиот претседател
Запалена германската амбаса во Судан
„Оне“ одбележа 10 години во Македонија
Папата дојде во Либан со порака за мир
Гореше само во Националниот парк „Јасен“
Почина Драган Тумановски, судија во Врховниот суд
СДСМ бара одговор од Владата за училиштата во Чаир
Ердоган - Изетбеговиќ ме замоли да се грижам за БиХ
Скопјани на 23. септември ќе појадуваат на Камениот мост
Гостиварец преживеа пад со возило во бездна
Попоски - Македонија е конструктивна кон соседите
Цистерни на „Млаз“ биле користени за шверцот, тврди Магаш
Инфлацијата ја креваат цените на храната и на нафтата
Македонија и официјално во рецесија!
Талат Џафери урива рекорди во молчење
Јапонија се откажува од нуклеарната енергија
Дожд, град и силен ветер денеска и за викендот
Нови судири пред американската амбасада во Каиро
„Скопје сити мол“ ќе ги отвори вратите на 4 октомври
Четворица уапсени за нападот во Бенгази
Кацин - Македонија мора да одговори на внатрешните дилеми
Препораката на СЗО нема да го намали бројот на пушачи
Грците ќе одат во пензија на 67 години
„Индепендент“ - САД имале информации за нападите врз дипломатските мисии
Четворица руски туристи загинаа во автобуска несреќа близу Солун
СДСМ протестира за контрапротестите
Американската амбасада во Скопје на штрек
Мексиканската морнарица го уапси наркобосот „Ел Кос“
Кралев најави прекршочни пријави за Чаир
Магаш тврди дека имал „бизнис“ врски со Љубчо Георгиевски
„Лов“ на танчерки во Полог

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Нов фељтон на Утрински Весник Јованка Броз-Титова совладетелка
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |