16.09.2012, 11:18 Нов пораз на Реал Мадрид во Примера
Актуелниот шампион на Шпанија синоќа на гостувањето во Севиља доживеа втор пораз во новиот шампионат, а Стрелец на единствениот гол беше Пјотр Троховски
Актуелниот првак на Шпанија, Реал Мадрид, синоќа на гостувањето во Севиља доживеа нов (втор) пораз во новиот шампионат на Примера. Стрелец на единствениот гол беше Пјотр Троховски во 2. минута за минимална победа на домашната екипа.
За разлика од „кралскиот клуб“, Барселона со триумф од 4:1 и три освоени бода се враќа од гостуваето кај Хетафе.
На другите два натпревари од 4. коло во Примера одиграни вчера постигнати се овие резултати: Валенсија – Селта 2:1 и Малага – Леванте 3:1.
Денеска играат: Еспањол – Атлетик Билбао, Гранада – Депортиво, Осасуна – Мајорка, Реал Сосиедад – Сарагоса и Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано.
Последниот натпревар од 4. коло се игра утре меѓу Ваљадолид и Бетис.
Табела: Барселона 12 бода, Малага 10, Севиља 8, Мајорка 7 (натпревар помалку), Рајо Ваљекано 7 (натпревар помалку),... |