Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
12.09.2012, 10:06
Јаневски: Македонија заслужи да победи во Глазгов



„Сите фудбалери заслужуваат честитки за прикажаната игра. Имавме неколку гол - шанси од кои можеше да ги освоиме и трите бода и во Скопје да се вратиме како победници. Но, сепак јас сум задоволен од освоениот бод“, рече селекторот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на прес - конференцијата по синоќешниот дуел со Шкотска во Глазгов изјави дека Македонија заслужи да победи.

- Сите фудбалери заслужуваат честитки за прикажаната игра. Имавме неколку гол - шанси од кои можеше да ги освоиме и трите бода и во Скопје да се вратиме како победници. Но, сепак јас сум задоволен од освоениот бод, рече Јаневски.

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Бразил 2014 година, меѓу селекциите на Шкотска и Македонија се одигра на „Хампден Парк“ пред 32 илјади гледачи и заврши нерешено 1:1.

Шкотските известувачи не го кријат своето разочарување од резултатот. Пред мечот, се тврдеше дека Шкотска „мора да победи“, да освои три бода и да го задржи чекорот со главниот фаворит во квалификациската група, селекцијата на Хрватска, па ремито со Македонија се смета за „голем неуспех“.

Медиумите во првите реакции по натпреварот признаваат дека Шкотланѓаните треба да бидат и задоволни со бодот, потврдувајќи ја изјавата на нашиот селектор Јаневски, дека Македонија можеше и да победи. Весниците во Глазгов забележуваат дека домашниот голман Ален Мекгрегор двапати ја спасувал неговата репрезентација по силните удари на Даниел Георгиевски и Мирко Ивановски. Сите ја одбележуваат играта на Горан Пандев за кого велат дека е „срцето на македонскиот тим“, затоа што од него потекнуваат сите акции, како и дека од Пандев доѓале сите закани за голот на домашната репрезентација.

Селекторот на Шкотска Крег Левин призна дека во мечот со Македонија, неговите играчи имале тешка работа.

- Тешко успеавме да воспоставиме рамнотежа на теренот, особено што рано примениот гол не спречи да ја развиеме нашата игра, изјави по натпреварот Левин.

Тој вели дека по одиграните две кола во оваа група, ситуацијата за Шкотланѓаните се усложнува, па сега на репрезентацијата и претстои тешка работа за да се избори за место на Мундијалот во Бразил.

Шкотските навивачи синоќа по дуелот со Македонија ја исфиркаа домашната екипа, незадоволни што во двата натпревари на свој терен (против Србија и Македонија) освоија само два, од планираните шест бодови. Навивачите сметаат дека шансите за пласман на СП во Бразил уште од сега се заг��бени и бараат смена на селекторот Крег Левин.






Статијата е прочитана 694 пати.

Испрати коментар



Пари од УЕФА за четири македонски клубови
„Коцкестите“ со голем бод од Брисел
Србија го фати последниот воз за Евробаскет 2013
Парична награда од 30.000 евра за Наковска-Бикова
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Талевски и вети нова стрелачка сала на Наковска-Бикова
Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Мекларен нема план Б ако си замине Хамилтон
Оланд на слепа параолимпијка - „Ви мавтав, но не ме видовте“
Мари, конечно, со Гренд-слем трофеј
(ФОТО) Тренинг на македонската репрезентација на „Хампден парк“ во Глазгов
Надежите на Македонија не се пласираа во баражот за ЕП
Левин - Шкотска мора да ја победи Македонија
Македонска решителност против шкотската агресивност
(ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ - „Јас сум жива легенда“
Ѓоковиќ и Мареј во вечерашното финале
Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Металург надмоќно до групите од Лигата на шампионите
Контадор ја освои Вуелта
Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
(ФОТО) Свечено затворени 14. Параолимписки игри во Лондон
Шахистите 38., шахистките 66. на Олимпијадата
Витали Кличко ја одбрани титулата
Хамилтон ја освои Монца
(ФОТО) Ако сакаме барем бод, мора по сите три
Трет пораз на македонските одбојкари
Мареј е првиот финалист на Ју- Ес опен
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца
(ФОТО) Македонија несреќно поразена на „Максимир“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Славниот боксер ја почна изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на крајот од октомври во Украина...
Талибанците на Фејсбук се претставуваат како убави девојки
Војниците од коалициските сили во Авганистан биле предупредени да бидат многу претпазливи кога „сурфаат“ по социјалните ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |