10.09.2012, 09:32 Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
Американката ја освои четвртата титула на Jу- Ес опен откако во финалето ја победи прворангираната тенисерка на турнирот Викторија Азаренка со 2:1 во сетови
Американката Серена Вилијамс ја освои четвртата Грен слем титула на Jу- Ес опен откако ноќеска во финалето ја победи прворангираната тенисерка на турнирот Викторија Азаренка со 2:1 во сетови (6:2; 2:6 и 7:5) во меч што траеше 2 часа и 18 минути.
Вилијамс го играше своето шестто финале на „Флешинг Медоу“ во Њујорк и по четврти пат го крена победничкиот пехар, а вкупно ова и е 15. Грен Слем титула.
Викторија Азаренка, која на почетокот на годината победи на „Австралија Опен“ во своето втрото Грен Слем финале, а прво во Њујорк беше единствената која успеа на Вилијамс на турнирот да и одземе еден сет.
Инаку, Азаренка имаше шанса за победа откако во третиот сет имаше водство од 5:4 во гемови и сервираше, но Вилијамс до крајот ги доби сите гемови од кои два „брејка“.
Денеска со почеток во 16 часот по локално време (22 часот по македонско) се игра финалето меѓу ланскиот победник Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Ѓоковиќ вчера во продолжението од полуфиналето против Давид Ферер направи пресврт и од 5:2 во првиот сет при прекин на мечот, успеа да победи со 3:1 во сетови (2:6; 6:1; 6:4 и 6:2). |