10.09.2012, 18:46 Едиторијал
После концерт, тапани
Јасминка Павловска
Колку и да сакаме да сме ексклузивни, единствени, чудо на светов и на веков, па макар и со квалификацијата дека „крај не ни се фаќа“, дека сме „мрчаторски народ“... – но, сепак, ни според тоа не сме поинакви од останатите народи на светот. Сосема разбирливо е по некое големо случување што ја анимира целата нација, секому нешто да не му е по волја.
Така по мегаконцертот од саботата, по повод 21 година од независноста на Македонија, кога се стивна 7/8 ритам на тапаните на Гаро и браќата Тавитијан (иницијаторите и организатори на концертот), се растатнија „тапаните“ на социјалните мрежи и отворените ТВ-програми за (не)оправданоста, (не)бројноста, (не)соодветноста, (не)принципелноста, (не)музикалноста, (не)македонштината на концертот.
Секако, сите реакции можат како училиштен пример да се подведат под стереотипот: оптимисти без покритие и песимисти без причина!
Најгласната забелешка на јавноста е што македонските народни песни, испеани од 25-темина учесници на концертот, од македонската и од бившата ЈУ-естрада, во аранжманите на браќата Тавитијан, звучеа речиси непрепознатливо на оригиналите. Очигледно е дека најголемиот дел од македонската јавност, токму на овој концерт по повод 21-годишнината од независноста, првпат ги слушнаа верзиите на познатите песни, според музичкото видување на браќата Тавитијан. Но, овој музички проект, на модерна интерпретација на старите песни, во изведба на пејачки ѕвезди од екс ЈУ-просторите се спроведува речиси четири години.
Многу од песните се одамна снимени, издадени, направени и спотови, но, сепак, некои од изведувачите на самиот концерт не го знаеја текстот на песните, па мораа да импровизираат. Покрај тоа, беше забележливо дека на некои од македонските пејачи, аранжманите на песните им се правени во „пет минути пред концертот“, па токму тие звучеа најнеубедливо и непрепознатливо. Сепак, публиката си го најде начинот да се препушти на моментот, па позитивно реагираше на препознатливите делови.
Овој концерт некои од „дежурните мрчатори“ го квалификуваа како концерт за лична афирмација на Гаро и неговите синови, но и конечно го поставија гласно прашањето кое тивко тлее повеќе години: колку смее да се експериментира со наследството од народното творештво? Одговорите, веројатно, ќе доаѓаат со текот на времето, со надеж дека нема да биде предоцна!
Иако во многу случаи може да се предвиди реакцијата на публиката, сепак, кога лошите очекувања ќе се реализираат во практика, дејствува изненадувачки грдо. Онака грдо, како што прозвучеа свирежите за албанските изведувачи на почетокот на концертот, кои за среќа водителот Игор Џамбазов со своето искуство на „шоуменска манипулација со масите“, успеа да го пренасочи во позитивни свиркања за време на настапот на Аделина.
На крајот, но веројатно не и како последна забелешка беше бројноста на публиката во арената „Филип Втори“. Демек не биле точно на број седумдесет илјади луѓе на стадионот, туку шеесет илјади и нешто... Во тој контекст и потпрашања - зошто на стадион, а не на плоштад? Па зошто само во Скопје, а не низ сите градови на Македонија?... И така натаму, како секогаш кога после свадба, или концерт ќе екнат „тапаните“ на јавното мислење! Сепак, и „тапаните“ на јавното мислење се една од придобивките на независноста и демократијата, па добро е додека има каде да ечат. Кога ќе замолкнат е загрижувачки, зашто само една работа е пострашна од озборувањето - да не се озборува! |
|
Статијата е прочитана 1871 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 11.09.2012 00:21:45 | Jas bi sakal da znam, ama nema da mi kazat, kolku kostase. Ne e vazno, za Makedonija e? Dobro ama zosto togas mi gi kazaa oni e 50000 evra za ozvucuvanje? A prevozot? A honorarite na peacite? Mozda peele djabe, toa e za pofalba, ama bas zatoa treba da se kaze. |
| jovan, 11.09.2012 01:35:00 | *колку смее да се експериментира со наследството од народното творештво?* Od celiot tekst ovoj mal del ke go izdojam kako prasanje na koe treba da mu se dade pogolemo vnimanie, i normalno da se odgovori.Proslavata ne ja sledev(nesto otposle kratki inserti)pa i ne mozam da ja komentiram od prva raka kako bilo i sto bilo, no od reakciite na citateli, gragani... dovagam do zaklucok deka tamu bilo pribrano se zivo i divo i pitomo za da se napumpa brojka od 60-70iljadi.Denta(sabota 8mi)Skopje bese prepolno so*turisti*od vnatresnosta koj govorea so*sarmanten* akcent, pa taka imav prilika vo Dzambo da cujam edna devojka kako na telefon so voshit(na cel glas)opisuva kako se naoga vo prodavnica :golema prodavnica i samo igracki vo nea, nisto drugo, samo igracki, da znaes kolkava e: Mozam da zamislam tek kolku uzivala na predstavata. Toa e profilot na luge koj*uzivaat* vo spektaklite koj sekojdnevno ni se prireduvaat. No toa e toa, i tie se gragani kako i site drugi. Najverojatno mnozinstvo. |
| ФЕЛИКС, 11.09.2012 07:51:30 | Почитувана г-ѓо или г-ѓице Павловска токму на социјалните мрежи па и тука,,мрчаторите,, се во огромен дел од една политичка опција,а поретко се од оние кој можеби не им се бендисува аранжманот и изведбата.Но далеку поважно е да публиката уживаше во настапите на познатите пејачи.Инаку дежурните партиски ,,мрчатори,, од петни жили сакаат концертот да го омаловажат,па така едни забележаа да третиот звучник од лево како да не работеше,неколку пеача замислете читаа кога пееја,една пеачка да ти била многу стара,тринаесетиот рефлектор помалку светеше,тапанарите ептен беа бучни,гужва голема,некој од гледачите дигаа раце и играа,други загрижено се прашуваат ,,абе колку чини сето ова,абе колку гладни усти можат да се нахранат,, и т.н Мислам дека ова е нормална реакција на оние кој неумеат да и се радуваат на независноста на сопствената држава. |
| Зоки, 11.09.2012 08:07:57 | Искрено, написов е округло па на ќоше. Или кажано, но не искажано. Како авторката да се плаши да напише напис со точна поента и свое изразено мислење. Нормално е после било каков настан да чукаат тапаните, кога пред настанот не си имал увид во идејата на случката, од било каков вид. Како музичар, тотален промашај на Тавитјан, со преработката, за изведбата на пеачите да не зборам, напишавте. Споредете ја преработката, како пример, на В.Стефановски, Синтезис и др. Тотален промашај и нагрдување на нашата убава изворна песна и музика, далеку позната и сакана. |
| Do kade moze da se eksperimentira, 11.09.2012 08:41:30 | Zboruvate za nekakvi si mrcatori i tapani posle tapanite na Tavitjan.a postavuvate prasanje kolku smee da se eksperimentira so narodnoto tvorestvo.?Pa barem polovina od pesnite koi gi preraboti Tavitjan ne mozea voopsto da se prepoznaat. Na sto licese izvedbata na Tereza na Kales Andja posle onakva katastrofalna prerabotka na Tavitjan. ?Nekoi stari izvorni pesni bea totalno iskasapeni od eksperimetalnite postapki na Tavitjan |
| velesanka, 11.09.2012 10:38:23 | koncertot vo sabotata bese izvonreden ,spektakularen a sto e najvazno opstonaroden podednakvo za site makedonski gradjani koi sakaa da go prosledat vo zivo a da ne se izlozat na troskovi . Me zgrozuva komentarot na nekojsi Jovan koj veli znam koj profil na ludje bile tamu i se sobralo se zivo i divo. E bidejki ne prisustvuval licno a komentira ce mu kazam jas - profilot na ludje bese onoj koj e vo cela makedonija dojde se zivo ama seto divo ostana doma od zavist oti znaea oti proektot ce uspee i ce bide noc za pomnenje. Se podsmevas za slucajot vo Dzambo za spomenicite drugar Jovan ama nie znaeme da se voodusevuvame da se raduvame nie sme pozitivni za razlika od vas koi mislite deka ste nekoj profil (isflustriran) |
| kanagjanka, 11.09.2012 11:16:35 | Бившата Ју естрада потекнува од `комуњарскиот систем` толку омразен кај новите клинци, по заслуга на владеачката партија, која истиот го (зло)употребува како и кога сака.Не ми е јасно кој е контекстот на Ју-естрадата во прославава.Да собере разновидна публика или да не потсети на минатото - во кое толку многу луѓе `невино страдаа`..?Впрочем се е континуитет, дури и `лошата` изведба на Ју ѕвеѕдите е наш континуитет - во лош менаџмент! |
| Mrchator, 11.09.2012 12:36:37 | Koga e neshto ubavo/dobro ne se prashuva za cena t.e. se kupuva po sekoja cena. So ogled da e seto ova dzabe za posetitelite (nekoi i so sila terani), se prashuvam, dali e ovde problematichen koncertot, metodologijata ili nezavisnosta/osamostojuvanjeto na drzavata? Neshto ima! Od dosegashnoto iskustvo, nekako na nezavisnosta ne i se mnogu raduvame. Zoshto? PS: Sluchajno toj den se vracav od Grcija, pa ja pominav skoro cela Makedonija, nikade ne vidov zname na RM (binata kaj D.kapija se rasturashe) ili bilo shto shto ukazauva na praznik. A se ljutime na albancite. Sramota! |
| suze, 11.09.2012 13:52:47 | Ах,ФЕЛИКС а како да се радуваат со празен стомак и поглед кон споменици ли??! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
|
Четврток
Претежно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|