11.09.2012, 15:08 Северна Кореja ја прифати хуманитарна помош од Сеул
Северна Кореjа синоќа изненадувачки соопшти дека ќе ја прифати хуманитарната помош од Јужна Кореjа, откако комунистичкиот Север тешко настрада од серијата бури и поплави ова лето.
Министерството за одбрана во Сеул соошти дека севернокорејскиот Црвен крст изразил согласност да ја прифати помошта на Југот, предложена минатата недела.
Од Пјонгјанг побарале детали за видот и количествата на хуманитарни производи.
Засега не е познато дали претставници на двете земји ќе се сретнат за да го разгледаат предлогот.Се претпоставува дека Северна Кореjа побарала разгледувањето на помошта да се изведе преку кореспонденција.
Според податоци на севернокорејските медиуми ова лето во Северна Кореjа загинале над 200 лица заради поплавите и силната тропска бура. Над 250.000 ги загубиле своите живеалишта и над 200.000 хектари посеви се уништени. |