Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.09.2012, 18:50

Мислења

Македонија како пијан брод

Нано Ружин

Двајцата капетани Груевски и Ахмети со својот брод личат на поемата на Артур Рембо и неговиот „пијан брод“

Во деведесеттите години низ Скопје се раскажуваше виц за едукативните мерки на една сиромашна Бугарка: „Сине, ако бидеш добар, ќе те носам во градскиот парк за да гледаш како другите деца јадат сладолед“. Токму во духот на овој виц, околу 30.000 Македонци, некои сосила, некои со партиска обврска, некои од патриотски емоции, дојдоа организирано во Градскиот парк во Скопје да го гледаат големиот тулум.

Македонија го одбележа Денот на независноста со спектакуларен концерт на ѕвездите од некогашниот југословенски простор кои организаторите ги нарекоа балкански мегаѕвезди за да ја избегнат опасната придавка – југословенски. Слично на претходните државни журки, и овој пат тоа беше едноетнички настан со еднопартиски бои, независно што меѓу изведувачите имаше и по некој Албанец. Не навлегуваме во квалитетот на претставата, но квантитетот на средствата потрошени за настапот на толкав број мегаѕвезди во овие грипозни економски времиња мора да е импозантен.

Се разбира, кога е присутно државното раководство на чело со неуморниот премиер, кој по долгото патување од онаа страна на светот се врати како Одисеј во татковината, средствата не се ни битни. На Си-Ен-Ен даде интервју за домашна употреба претставувајќи ја Македонија како нов европски економски џин подобар од 17 држави-членки на ЕУ, за што веројатно му се чудат и Американците и Европејците, ја промовира новата патна делница Демир Капија - Смоквица, инаку тендер кој го доби грчка фирма, што е убав пример за добрососедска соработка во време кога на јужниот сосед не му оди; се појави во Собранието и, конечно, на колективната журка облечен во прекрасното бело сако како капетан на брод. ��динствено недостасуваше првиот офицер Ахмети.

Комплименти премиере, чесно партиски одработено. Опозицијата затечена од овој серијал како да потона во скептицизам и не пушти ниту глас. Во таквата патетична клима, народот речиси почна да ужива во набљудувањето на сјајот, раскошот и луксузот на владејачката политичка елита. Добро е секогаш да му се создаде илузија како да е и тој директен учесник во некоја од турските серии, барем ќе гледа како другите уживаат и јадат сладолед. За момент ќе заборави на експлозијата на цените, на слабиот род, на агресивните Грци и Бугари, на налутените Албанци. Битно да е во боја, а за звукот се погрижија симпатичните провладини уметници и југоестрадата.

За останатото има кој да мисли. Тука е претседателот, кој ќе каже значајна тавтолошка мисла: „Каква Македонија ќе создадеме, таква ќе имаме“. Голема мисла, слична на мудроста на Мао или од серијалот на Марфиевите закони. На која страна да се свртиш, тилот ти е одзади. Или последната капка секогаш останува во чашата. Постарите велат - се' си има свое.

Да се вратиме на нашите маки и реалност. По успешната прошетка низ САД, Груевски е соочен со повеќе тешки досиеја кои веќе од оваа недела се актуализираат. Најгорливо и најзначајно досие се нарушените меѓуетнички односи. И концертната прослава ја покажа длабочината на меѓетничкиот или поточно на меѓупартискиот гап во коалицијата. Оваа криза меѓу ДПМНЕ и ДУИ, која автоматски се пресликува и врз меѓуетничките односи, не е нов феномен. Недоразбирањата не се случајни и тие тлеат со години. Нема сомнение дека национално-идеолошкиот код на ДПМНЕ е тешко компатибилен со национално-идеолошкиот код на ДУИ. Двајцата капетани Груевски и Ахмети со својот брод личат на поемата на Артур Рембо и неговиот „пијан брод“. Кормилото го држи Грујо, прамецот и крмата - Ахмети. Под налетот на бурата, бродот е без компас и се лулка во место како да е пијан. Свесни се дек�� со караница ќе потонат заедно. Затоа се практични и постојано наоѓаат консензус. Но, тоа не може во недоглед. Македонците и Албанците се поделени и не живеат во единствено граѓанско општество. Не е доволно на бината да се донесе некоја Албанка-интерпретаторка, да им се честита Рамазан или да се појавите на Штуловиот универзитет.

Ова чествување на 8 Септември од година на година се претвора ексклузивно во празник на Македонците. Лани низ триумфалната порта маршираше само еден албански офицер, а албанските функционери ја бојкотираа кич-парадата и покрај изјавите на лидерите на македонските Албанци дека „немале друга држава и дека Македонија била заедничка татковина“. Дотолку е точно тоа, дали постои некоја индустриска грешка во македонската страна што постојано го поттикнува латентното незадоволство на Албанците?

Многумина се прашуваат дали македонските Албанци ја чувствуваат Македонија како сопствена држава? Можеби ние како мнозински народ можеме да ја поставиме оваа дилема поинаку: дали ние Македонците правиме доволно нашиот сограѓанин Албанец да ја чувствува оваа држава како сопствена. Одговорот не би требало да го бараме меѓу народот, туку меѓу политичарите, медиумите, интелектуалците. Сличен мултиетнички проблем имаат и други држави во Европа, но имаат поинаков пристап. Во Шпанија за време на Олимписки игри 1992 година одржани во Барселона (Каталонија) се виореа шпански, но и каталонски знамиња. Кралот Хуан Карлос ги отвори Игрите на шпански и на каталонски јазик. Единствениот проблем настанал со азбучното рангирање на нациите: според шпанската или каталонската азбука. Соломонско решение било пронајдено во француската азбука. Летоска за време на одбележување на 14 Јули - државниот празник на Франција, на Бастилја, покрај француските, се виореа и алжирски и марокански знамиња. Министерката Надин Морано прокоментирала: „Овие знамиња не се насочени против Франција, напротив, тие ја симболизираат желбата на сите за единство во рамките на нашите републикански вредности“.

Во Македонија состојбите се поинакви. Ниту имаме лидери и луѓе на позиција кои размислуваат мултиетнички, ниту тоа е политички исплатливо според стандардите што ги диктира ДПМНЕ, а ги прифати ДУИ. Освен исполнувањето на ОРД, неопходни се и побогати форми на заемното меѓуетничко разбирање. Во овој миг целокупната агенда се сведе на вработувања во администрацијата, поделба на државните функции и привилегии, братски тендерски договори, изнудени буџетски средства за изградба на скендербеговски и александровски плоштади, но проблемите и натаму остануваат. Она што недостасува е квалитетот на меѓуетничките односи.

Недостасуваат заеднички манифестации, солидарни прослави, мултиетнички партии и државници кои размислуваат граѓански, а не етнички. Тоа е одговорноста на мнозинската заедница. Ние, Македонците, сме одговорни за состојбата на меѓуетничките односи. Тоа досега безброј пати ни го укажуваа и американските и европските сојузници. За жал, мала е критичната маса на политичарите и интелектуалците кои размислуваат на овој начин. На секоја претерана ревандикација на Албанците реагираме нервозно без да размислиме за вистинските причини. Некогаш несвесно ги нарушуваме односите. Меѓуетничките односи заслужуваат поголемо внимание, ангажман и одговорност на македонското раководство. Во спротивно, и натаму ќе имаме имиња на школи со херои од Косово кои немаат никаква врска со нашата историја, а нашиот пијан брод ќе ризикува еден ден и да ја доживее судбината на „Титаник“.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1597 пати.

Испрати коментар



Живееме под исто небо
Договор или разделба
Крунскиот сведок Магаш
Маката на тутунарите



jovan, 12.09.2012 00:34:07
Vo Francija na nekoja proslava pokraj Francuskoto zname, se viorele i Marokanskoto i Alzirskoto simbolizirajki ja zelbata za zaednicki zivot. Ubavo zvuci, no taa Francuska proslava e samo Francuska, so Francuski maniri, na francuski*nacin*, na Francuski jazik... i da ne nabrojuvam. Spomenatite znaminja se *folklor*, bidejki nitu Alzirski nitu Marokanski ke slusnes na tie proslavi, nitua pa menuvaat iminja na skoli po Marokanski i Alzirski*borci*, nitu imaat svoj*teritorii* vo Francija, nitu pa smeat da viorat drugi znaminja bez Francuskoto... i da ne nabrojuvam pak. Makedonija nema vrska so Francija, Spanija... Vo Makedonija ima klasicno uzurpiranje na teritorii na koj potoa se baraat prava i sopstvena drzavnost. Marokancite i Alzircite ne baraat da se promeni Francuskoto zname i himna. Ovde baraat. Na kogo se uste ne mu e jasno, da doobjasnime, deka ovde se bara ona sto se barase na Kosovo koga bese vo Srbija. Dali ke go dobijat toa ili ne, ke vidime, no celta e taa i nikakva druga.
dedo dimo, 12.09.2012 05:48:38
Ubavo shto kaza neshto za Francija i Amerika .Vo Amerika Afrikancite po poteklo do pred20 godini nemaa pravo ama za nisho i pak se chustvuvaat Amerikanci a Albancite kaj nas imaat pogolemi prava i od Makedoncite a se chustvuvaat kako ziteli na Albanija a izgleda po nekoj kako vast sve kratko- vidni .Ova shto go pravat Albancite vo Makedonija e isto kako da se TALIBANCI.
Gorann, 12.09.2012 09:32:50
Nano sto ti e tebe, so vakov skolski tekst i osmoodelenski zaklucoci. kako toa pravis mea culpa za Makedoncite, a sosema gi absolviras od odgovornost Albancite. A na teritoriite kade se mnozinstvo Albancite i kade nikogas ne se videlo makedonsko zname toa ne go spomnuvas? i za toa Makedoncite se vinovni? Like za komenatrot na Jovan.
Caki, 12.09.2012 10:43:10
Eve kolumnistot kako i sekogash od petni zhili (ushte vo naslovot) se trudi da ja ispluka svojata zemja , so plitok cinizam..demek Grujo navamu natamu..i nishto....a nie demek tapa kako i sekogash so greshka(!?)Ne be kaj nas e problemot, shto bi rekol Beljalj nashiot nacionalizam(!?) Pa za da bidesh nacionalist treba da ti bide nacijata PRIZNATA.. a jas kolku shto znam nie se ushte ne POSTOIME oficijalno vo dve sosedni drzhavi! Toa znachi po definicija nie sme samo patrioti nishto drugo , a nacionalisti se TIE shto ne ne priznavaat..
Пеце, 12.09.2012 10:54:07
Како што се однесуваат Албанците во Македонија не заслужуваат никакви права, а добија повеќе од било каде во Европа. И сега пак го нишаат бродот, ама ако потоне и тие ќе се удават.
ГОЦЕ - АМСТЕРДАМ, 12.09.2012 12:30:00
,,ПРОФЕСОРЕ,, !! Можеби подобро би било да предавате во некое школо во Чаир , за да сватите дека Албанските Македонци се тие кои не ги почитуваат законите во Македонија.Албанските Македонци веат знаминја на ТУГЈА ДРЖАВА ! Албанските Македонци градат џамии за одбележуванје на заграбена територија ! Се додека во МАКЕДОНИЈА има ,, професори ,, кои вината нереално ја префрлаат на МАКЕДОНЦИТЕ , се дава подршка и подкрепа на ЕКТРЕМИЗАМ во неоправдани баранја од страна на Албанското малцинство.
Realist, 12.09.2012 14:22:40
Problemot i reshenieto treba sekogash da se barat vo sopstvenite redovi, ama ova so albancite e navistina uniukatno. So ovie finti od Kosovo stvorija vtora albanska drzava (i tamu togash toboze se borea za chovekovi prava), a na dobar pat se da od Makedonija stvorat i treta, da bi se na krajot site spoile vo edna - Golema Albanija! Nivniot natalitet i nashiot mortalitet im odat na raka. Za toa nemame reshenie ili shto bi rekol onoj od nacionalistichka farsa *na zalost nishto efikasno*. Nekoj si Pasko posle 200-300 ili 500 godini ke dokazuva deka se ovde nekogash ziveele hristijani, potochno makedonci i srbi. Toa e toa!
od Fr., 12.09.2012 14:30:22
Nano pishuva i dava idei za *mir vo kukja*, no od sekogash znael da preteruval vo toa, iako ne smetam deka ja pluka svojata zemja.Samo, ako prodolzi vaka da pisuva; ke ostavi vpecatok deka sé pak nie sme vinovnicite za losiot sozovot. Sto se odnesuva do Francija i makedonskoto zname vo nea; itoa ne e sosema tocno. Nasheto zname se veelo na makedonski manifestacii, itoa so dozvola od prefekturata. EDEN, EDINSTVEN pat makedonskotpo zname izleze, i vo * Jurnal de Dimansh*( po greshka) koga so nego beshe snimeno nase devojce, a pod nego pishuvase, * mlada kosovarka go brani svoeto zname* ili talka nesto...Alzirskoto ili marokanskoto nzame se vee isto taka so pobarana dozvola. Imashe slucaj na incident koga vo eden fudbalski natprevar, alzirski suporteri izlegoa na terenot so nivno zname i so isfirkuvanje na francuskata himna, no toa bese edienstven incident koj neslavno zavrshi... Inaku ako prasa nekoi od ovie*malconstva* , sto se,sekoj ke odgovori gordo deka e FRANCUZIN!
do Nano, 12.09.2012 15:22:56
Katalonija e avtonomna pokraina vo Spanija i katalonskoto zname i jazik se istaknuvaat samo vo avtonomnata pokraina Katalonija za praznici,a ne vo drugite delovi na Spanija.Makedonija e unitarna drzava i ne moze da se sporeduva so Spanija.Vo Francija ako se istaknuvaat alzirskite i marokanskite znaminja,toa e zatoa sto tie bile francuski kolonii i bile del od Francija.Malcinstvoto vo Makedonija sekogas ke bide nezadovolno bidejki ne davame federalizacija,ne davame menuvanje simboli i nema da davame.Zatoa ne sme krivi nie Makedoncite za nezadovolstvoto na malcinstvoto.Vinovno e malcinstvoto sto ima ekstremisticki baranja.Ah be Nano.
Генерација 1982, 12.09.2012 16:01:35
Напишав пред некој ден коментар кој колку почитува во МКД. Значи многу убаво знаеме дека имаме делквенти и кај едните и другите, а имаме и прекрасни луѓе. Но не им простувам на луѓе кои живеат во држава, во која никогаш не почувствувале потреба да истакнат нејзино знаме, на ниту еден настан. Повеќе од јасно е дека тука имаме притисоци од страна, албанците си имаат своја агенда и свои мини екстериторијалности (градови и села), нашите инспектори се плашат да стапнат во Тетово, но затоа во Неготино се најголемите и најсилните џелати.
од мене, 12.09.2012 17:46:21
Господине Ружин Се обидувам како интелектуалец да ја сватам вашата логика како универзитестки професор. Како прво прашање кое би ви го поставил е тоа, што подразбирате под нарушени мегуетнички односи и на кој начин тие се манифестираат особено кај нас. Вие сте добро образована личност па се надевам дека нема да имате проблем со објаснувањето на оваа премногу надуена тема. Како под точки на кои треба да размислувате нека ви бидат следните подпрашања. 1. Дали во Македонија има само два етникуми и односите мегу нив се нарушени и со тоа давате класификавција во името на сите етникуми дека односите севкупно се наришени, што сметам дека е чиста глупост таквото тврдење. 2. Зошто албаците треба да добиваат нешто повеке од останатите етникуми за да ја чувствуваат Македонија како своја. Еве на пример вие како наш етникум не ја чувзтвувате Македнија како своја и што треба да направиме за да ве задовилиме. Почнете нешто практично да работите, не да продавате демагогија.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Славниот боксер ја почна изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на крајот од октомври во Украина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |