Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.09.2012, 17:22

Поглед

Маката на тутунарите

Соња Маџовска

Нема крај на маките на тутунарите. Таман помислија дека во оваа гранка работите конечно си дојдоа на свое место, редовно им се исплаќаат субвенции по 60 денари за килограм предаден тутун, се појави нова шлаканица.

Од една страна, Европската комисија најавува забрана за ориенталниот тутун, од друга Светската здравствена организација денес треба да ги објави препораките со кои ќе се ограничи финансиската и техничката поддршка за одгледување на ориенталниот тутун, ќе се диктира дури и временски период кога може, а кога да не се сади тутун, а ќе се ограничат и површините каде што може да се одгледува.

Тутунарите се во паника, тие сметаат дека доколку се усвојат овие препораки, целосно ќе биде уништено производството на тутун во земјава, а над 150.000 луѓе ќе останат на улица.

Тутунопроизводството е една од најприходните гранки. Од земјава се извезува суров тутун во вредност од 120 милиони долари, а 35 милиони долари како цигари. Извозот на тутун и преработки од тутун учествуваат од 22 до 29 проценти во вкупниот извоз од земјоделско-прехранбениот сектор. Приближно 30 отсто од државниот буџет се полни од работењето на тутунските компании присутни во државава. Овие податоци покажуваат колку е важна оваа гранка за земјава. Но, и покрај тоа Владата и Министерството за земјоделство засега молчат, не кажуваат што ќе преземат. Тие засега само чекаат и се надеваат дека вакви препораки нема да бидат донесени, по некоја случајност. Но, како што први сакаат да се сликаат кога ги делат субвенциите, така министерот Љупчо Димовски требаше завчера да биде во средина меѓу тутунарите на

прес-конференцијата на која тие загрижено кажуваа дека немаат алтернатива.


Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар



Живееме под исто небо
Македонија како пијан брод
Договор или разделба
Крунскиот сведок Магаш



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 15°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |