16.09.2012, 16:32 Од џамија укадени 20.000 евра
Непознат сторител, ноќта меѓу петокот и саботата, ја ограбил џамијата „Хаџи Мурат“, лоцирана на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Ресен. Непознатиот ја извршил кражбата така што најпрво со адекватен алат ја отворил влезната врата на канцелалријата на џамијата, а потоа и сефот во кој имало околу 20.000 евра во различни валути.
Полицијата, по пријавата на кражбата, извршила увид и веќе се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. (Љ.С.) |