14.09.2012, 12:52 Јапонија се откажува од нуклеарната енергија
Јапонската Влада соопшти дека планира постепено да се откаже од производството на нуклеарна енергија до крајот на 30.години од овој век, како дел од ревидираната енергетска политика на земјата, 18 месеци по хаваријата во нуклеарната централа Фукушима.
Јапонија стана третатта земја, по Германија и Швајцарија, која ги објави своите планови да ги затвори реакторите по несреќата од 11 март 2011 година во Фукушима.
Новата енергетска политика, која денеска беше предложена, содржи големи промени во однос на досегашното функционирање на земјата, што со децении ја поддржуваше нуклеарната енергетика. Планот предвидува поголемо користење на обновливите извори на енергија и на фосилните горива.
Јапонија почна да ја преразгледува својата енергетска политика по хаваријата во Фукушима, предизвикана од силниот земјотрес и бранот цунами. |