16.09.2012, 13:13 Работнички го доби дербито со Металург
Во дербито на шестото коло од Првата македонска лига „Романтичарите“ на арената „Филип Втори“ славеа со 2:0 против Металург
Фудбалерите на Работнички славеа со 2:0 против Металург на арената „Филип Втори“ во дербито на шестото коло од Првата македонска лига. „Романтичарите“ можеа да остварат уште поуверлива победа, но Крсте Велковски не искористи два пенала.
Првиот беше досуден уште во првата минута за стартот на голманот Игор Павловски во шеснаесетникот врз Велковски, но неговиот удар од белата точка го одбрани резервниот голман на „металурзите“ Андреја Ефремов, кој го ��амени исклучениот прв чувар на мрежата на гостите од Железарница.
Сепак, Хрватот Плазибат во 14. минута му донесе водство на Работнички, а Велковски во 66 минута го постави конечниот резултат, пред по втор пат да биде неуспешен изведувач на најстрогата казна во 83 мин. Тогаш црвен картон доби и Васко Митрев, а Ефремов повторно го надмудри Велковски.
Во вториот саботен дуел од ова коло Ренова на свој терен гоп совлада Силекс со 2:0 со головите на Емини во 33 мин. и на Симовски во 85 мин. (Р.Д.) |