13.09.2012, 15:07 Монтепаски му оддаде почит на Мекејлеб
На македонскиот репрезентативец и тренерот Симоне Пјанџани, кои до лани беа дел од Монтепаски им беа доделени специјални признанија од раководството на италијанскиот шампион
Монтепаски Сиена не го заборави Лестер Бо Мекејлеб. Првиот официјален пријателскиот натпревар пред новата сезона, Фенербахче Улкер го одигра токму против „банкарите“. Мечот имаше емотивен почеток. На македонскиот репрезентативец и тренерот Симоне Пјанџани, кои до лани беа дел од Монтепаски, а сега ги бранат боите на турскиот тим, им беа доделени специјални признанија од раководството на италијанскиот шампион.
Мекејлеб заедно со Пјанџани беа најзаслужени за тројната круна што Монтепаски ја освои во домашното првенство, Купот и Суперкупот на Италија каде што Бо беше избран и за МВП на сезоната.
Покрај Мекејлеб и Пјанџани, пред мечот со Фенербахче беа почестени и уште тројца поранешни играчи на Сиена: Стоунрок, Мекинтаер и Сато.
Инаку, во оној официјален дел домаќинот го совлада истанбулскиот тим со 89:61, и покрај тоа што македонскиот репрезентативен бек беше најефикасен, реализираше 16 поени.
Следниот пријателски меч Фенербахче Улкер и Мекејлеб ќе го одигра пред домашната публика во Инстанбул, на 16 септември му гостува финалистот од минатата сезона во Евролигата, ЦСКА Москва.
|