Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
13.09.2012, 16:10
Арсенал сака да го задржи Венгер



Иако седум години немаат трофеј со Французинот на клупата, „топчиите“ се задоволни од неговата работа

Арсенал планира да го задржи тренерот Арсен Венгер уште долго време, бидејќи верува во неговиот начин на работа и покрај тоа што клубот нема освоено ниту еден трофеј во последните седум години. Извршниот директор на лондонскиот клуб Иван Газидис откри дека планира да го продолжи договорот на францускиот стручњак и по 2014 година. Јужноафриканскиот бизнисмен вели дека клубот под негово водство се движи во вистинска насока.

„Нов договор кој ќе му го понудиме на Арсен Венгер не е поради сентименталност, ниту претставува награда за досегашната работа. Ние имаме доверба во него, а Французинот е неверојатен тренер кој е исклучително посветен на клубот и кој е вистинскиот човек кој ќе го води Арсенал во нови предизвици“, изјави Газидис.

Венгер е задоволен што челниците имаат комплетна доверба во него и разбирање на неговиот начин на работа, меѓутоа нема да брза да го потпише новиот договор кој го најави Газидис. 62-годишниот тренер е целосно посветен на работата на тимот, а за преговорите ќе размислува кога ќе дојде време за тоа.

„Имам уште две години. Многу ми е поважно како ќе игра тимот во новата сезона отколку новиот договор. Јас сум човек на Арсенал и мислам дека до сега тоа сите го знаат. Долго сум во клубот и стекнав доверба кај луѓето со кои работам, меѓутоа прво ќе ги оценам сопствените перформанси и тогаш ќе одлучам. Сега ми е рано да се занимавам со новиот договор“, изјави Венгер, кој во Арсенал работи од 1996 година.

Французинот му донесе на Арсенал вкупно 11 трофеи, од кои три во Премиер-лигата. Последниот беше во 2005 година од ФА-купот.

Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар



Адеми од Динамо Загреб во македонскиот дрес?
Гвардиола го поддржува отцепувањето на Каталонија
Ферер победи за водство на Шпанија против САД
Пандев - Хрватска и Србија ќе паднат во Скопје
Претседателот на Фенербахче ја шокира Евролигата
Металург не отпатува во Прешов на натпревар од СЕХА лигата
Стефанов - Заминувам од лични причини, но останувам во репрезентацијата
Тајсон љу��ител на мјузикли!
Димитриевиќ ја преслуша Барселона
Роналдо фокусиран на победите, а не на договорот
Монтепаски му оддаде почит на Мекејлеб
Пари од УЕФА за четири македонски клубови
„Коцкестите“ со голем бод од Брисел
Србија го фати последниот воз за Евробаскет 2013
Парична награда од 30.000 евра за Наковска-Бикова
Кличко ја почна изборна камп��ња во Украина
Јаневски - Македонија заслужи да победи во Глазгов
Талевски и вети нова стрелачка сала на Наковска-Бикова
Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Мекларен нема план Б ако си замине Хамилтон
Оланд на слепа параолимпијка - „Ви мавтав, но не ме видовте“
Мари, конечно, со Гренд-слем трофеј
(ФОТО) Тренинг на македонската репрезентација на „Хампден парк“ во Глазгов
Надежите на Македонија не се пласираа во баражот за ЕП
Левин - Шкотска мора да ја победи Македонија
Македонска решителност против шкотската агресивност
(ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ - „Јас сум жива легенда“
Ѓоковиќ и Мареј во вечерашното финале
Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Металург надмоќно до групите од Лигата на шампионите
Контадор ја освои Вуелта
Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
(ФОТО) Свечено затворени 14. Параолимписки игри во Лондон
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |