Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.09.2012, 13:14

Џејмс Бонд жртва на семејно насилство

Актерот Роџер Мур откри дека бил малтретиран од двете бивши жени – првата го гребела и го гаѓала со чајник, а другата го удрила со гитара по глава

Актерот Роџер Мур, кој ја има толкувано главната улога во филмовите за Џејмс Бонд, откри дека бил жртва на семејно насилство. Мур бил малтретиран од двете бивши жени – првата го гребела и го гаѓала со чајник, а другата го удрила со гитара по глава.

Гостувајќи во една телевизиска емисија, Мур отворено проговори за бракот со Дурн ван Стејн, со која се оженил во 1946 година, кога имал само 19 години.

Професионалната лизгачка неколку пати го напаѓала, при што го гребела и удирала, а во една пригода и го гаѓала со чајник. Исто така, го удрила и неговиот лекар, кој му ја лечел повредената рака. „Тоа беше промена, бидејќи обично ме тепаше мене“, објаснил Мур.

Мур немал среќа ниту со втората жена, Дороти Скајверс, која го нападнала кога дознала за некое негово неверство. „Често свирев гитара за да избегнам кавга. Еден ден полека свирев и обраќав внимание на тоа што ми го зборуваше. Во следниот момент почувствува дека ме удира со гитарата по глава“, се сеќава Мур.

Пејачката го нападнала и кога дознала дека ја изневерува со италијанската актерка Лујза Матиоли, со која подоцна се оженил. „Дороти ми фрли цигла низ прозорец, а потоа ме грабна за кошулата. Полицијата пристигна и ја предупреди дека раката и' крвави, а таа одговори дека срцето и' крвави“, раскажал Мур.

По два брака со нападни жени и оној со италијанската актерка, Роџер Мур, конечно, е среќен во четвртиот брак со Кристина Толструп.


Статијата е прочитана 667 пати.

Испрати коментар



Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“
Никогаш поголемо интересирање за отворањето на „Браќа Манаки“
Во Конго отриен нов вид мајмун
Ново шоу од кујната на Џамбазов
Филмот на Киро Урдин со престижна награда во Кина
Универзумот на „Мугер фугер“ вечерва премиерно во „Ла Кања“
„Ристо Шишков“ за Никола Ристановски
„Трето полувреме“ е годинешен кандидат за „Оскар“
Се породи Адријана Лима
Маџиров ја доби на стипендијата „Маргерит Јурсенар“
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
„Епл“ го претстави iPhone 5 со четири инчен екран
Девет претстави на 37. Млад отворен театар
Културен мост меѓу Македонија и Словенија
Се продава островот на Џон Ленон
Врвна романска гимнастичарка стана проститутка
„Блех фестивал“ на Градска плажа
Стрип-изложба на Сотировски на „Манаки“
Македонската филхармонија со концерт во Битола

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Нов фељтон на Утрински Весник Јованка Броз-Титова совладетелка
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници има��т специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |