Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.09.2012, 14:28

Филмот на Киро Урдин со престижна награда во Кина

Македонскиот филм „Две времиња“ е сниман на локација во Кенија и Танзанија во пределот на Масаи Мара

Македонскиот филм „Две времиња“ на македонскиот уметник Киро Урдин ја освои престижната награда „Најдобар филм од областа на природното окружување“ на овогодишниот филмски фестивал во Кина „China Ya'an International Animal и Nature Film Festival“. На овој фестивал учествуваат најголемите светски филмски и телевизиски продукции од светот на филмови и емисии од областа на екологијата, животинскиот свет и природата.

Филмот на Урдин ја освоил наградата во конкуренција на најсилните продукции од 40 земји од светот во оваа област како каналот Дискавери, Би-Би-Си, Анимал планет итн. Фестивалот традиционално се одржува во Yi-Ha, земјата на пандите. На свеченото затворање и доделување на наградите бил поканет и нашиот амбасадор во Кина, Оливер Шамбовски.

Инаку, во „Две времиња“ за камерата е задолжен Бранд Феро, монтажата е на Владимир Петровски-Картер, музиката е на Венко Серафимов, а сценариото исто така е на Киро Урдин. Филмот е сниман на локација во Кенија и Танзанија во пределот на Масаи Мара.


Статијата е прочитана 543 пати.

Испрати коментар



Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со преми��рата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“
Никогаш поголемо интересирање за отворањето на „Браќа Манаки“
Во Конго отриен нов вид мајмун
Ново шоу од кујната на Џамбазов
Универзумот на „Мугер фугер“ вечерва премиерно во „Ла Кања“
„Ристо Шишков“ за Никола Ристановски
„Трето полувреме“ е годинешен кандидат за „Оскар“
Џејмс Бонд жртва на семејно насилство
Се породи Адријана Лима
Маџиров ја доби на стипендијата „Маргерит Јурсенар“
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
„Епл“ го претстави iPhone 5 со четири инчен екран
Девет претстави на 37. Млад отворен театар
Културен мост меѓу Македонија и Словенија
Се продава островот на Џон Ленон
Врвна романска гимнастичарка стана проститутка
„Блех фестивал“ на Градска плажа
Стрип-изложба на Сотировски на „Манаки“
Македонската филхармонија со концерт во Битола

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Нов фељтон на Утрински Весник Јованка Броз-Титова совладетелка
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |