16.09.2012, 11:05 Аталанта непријатно го изненади Милан на „Сан Сиро“
Екипата на Аталанта ја постигна првата победа во Серија А откако синоќа на „Сан Сиро“ го совлада Милан со 1:0
Екипата на Аталанта ја постигна првата победа во Италијанското фудблско првенство, откако синоќа на „Сан Сиро“ во Милано го совлада Милан со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Лука Цигарини во 64. минута. За Милан ова беше втор пораз во исто толку одиграни натпревари на домашен терен.
На вториот натпревар од 3.коло во Серија А одигран вчера, Палермо и Каљари одиграа нерешено 1:1.
Другите натпревари од оваа рунда играат денеска. Двојките се: Торино – Интер, Рома – Болоња, Џенова – Јувентус, Наполи – Парма, Пескара – Сампдорија, Сиена – Удинезе, Фиорентина – Катанија и Киево – Лацио.
Табела: Јувентус 6 бодови, Наполи 6, Лацио 6, Сампдорија 5,... |