11.09.2012, 15:02 Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Во само 24 часа престој во Лима, фудбалерите на Аргентина доживеаја голем број непријатности
Хоророт за Лионел Меси и за неговите репрезентативни колеги почнал по излезот од аеродромската зграда, каде што група навивачи на Перу прво вербално го нападнале напаѓачот на Барселона, скандирајќи го името на Кристијано Роналдо.
Сето ова е мала шега во однос на тоа што се случило десет часа подоцна, кога автобусот на „гаучосите“ бил каменуван. Инцидентот се случил по враќањето на аргентинската експедиција од стадионот каде што се одигра квалификацискиот меч за СП 2014 во Бразил меѓу Перу и Аргентина. По напуштањето на стадионот, група Перуанци фрлиле камења кон автобусот, но успеале да оштетат само неколку прозорци, а никој не бил повреден.
Хулиганите, сепак, не се задоволиле со каменување на автобусот и за кратко време се упатиле кон хотелот каде што престојувале Аргентинците. Нивната цел била Меси и неговите соиграчи да не заспијат. Вербалното мелтретирање завршило брзо по интервенцијата на полицијата.
|