11.09.2012, 15:58 (ФОТО) Убиствата во Алпите извршени со чешки „скорпион“
„Скорпионот“ е оружје што може лесно повторно да се наполни и кое не создава преголема бучава
За убиството на британското семејство Ал Хили во Франција бил употребен автоматски пиштол од марката „Скорпион“, од чешко производство, објавија британските весници. Британски експерти за оружје тврдат дека начинот на кој минатата среда се убиени членовите на семејството Ал Хили и случајниот минувач - француски велосипедист, укажува на ова оружје. Тие веруваат дека тоа е единственото што е употребена при извршувањето на ова злосторство. Сите четири жртви, се убиени со по два куршума испукани директно во глава.
„Скорпионот“ е оружје што може лесно повторно да се наполни и кое не создава преголема бучава, што објаснува зошто луѓето во блискиот автокамп покрај езерото кај Анеси, не слушнале пукање. Станува збор за автоматско оружје конструирано и првпат произведено во педесетите години на минатиот век, со намена за специјалните единици и за бебзедносните сили, што подоцна се најде во употреба и во некои странски армии. „Скорпионите“ важат за омилено оружје и на разните терористички групи по светот.
Британската полиција, која го блокира целиот кварт каде се наоѓа семејната куќа на Ал Хили во Сари, југозападно од Лондон и ги евакуира луѓето од соседните куќи, затоа што се сомневаше во постоење експлозив или бомба во куќата на убиеното семејство, вчера призна дека откриените „сомнителни експолозивни материјали“ не се опасни.
Полицајците кои и натаму се во куќата на Ал Хили, трагајќи по податок што би укажал на мотивот за злосторството во Франција, се обидуваат насила да го отворат сефот што го открија во куќата, но нема потврда дали успеале во тоа.
Лондонските весници тврдат дека Саад ал Хили бил тајно нагледуван од оперетавците на британското контраразузнавање за време на втората војна во Персискиот Залив. Ал Хили дошол во Велика Британија како дете во седумдесетите години на 20 век, кога неговите родители побегнале од Ирак и од режимот на Садам Хусеин. Тој беше инженер и работел на еден таен проект на британската воена индустрија.
|