11.09.2012, 14:21 Притворен поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен
Поранешниот француски премиер и министер за надворешни работи Доминик де Вилпен е притворен, објави интернет изданието на парискиот весник „Ле Монд“.
Вилпен е притворен во рамките на истрагата за аферата „Реле и Шато“, што се води во Стразбур за едно досие за лажни фактури.
Поранешниот француски премиер треба да биде сослушан за неговата вмешаност во оваа афера. |