11.09.2012, 14:42 Ракетирана база на НАТО во Авганистан
Четири ракети паднаа на аеродромот во Баграм во Авганистан, уништувајќи хеликоптер на силите на НАТО и убивајќи тројца Авганистанци кои биле во него, изјави во вторникот портпаролот на коалицијата. Нападот што се случи вчера околу 22 часот по локално време дојде во предвечерието на 11-годишнината од 11-септемвриските напади во САД. Безбедноста низ главниот град Кабул е засилена. Уште двајца припадници на ИСАФ силите кои, исто така, биле во хеликоптерот се повредени, изјави портпаролот.
|