Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.09.2012, 13:31

Бесими: Немаше прекршување на процедурите во Слупчане



Министерот на одбрана денеска на средба со новинарите го образложи контроверзниот настан

ФОТО: Киро Попов

„Јас не се амнестирам, но мојот став го кажав во однос на настанот во Слупчане и мислам дека поентата од целиот случај е дека ние меѓусебе треба да се почитуваме и да сфатиме дека живееме во иста куќа и имаме заедничка иднина.

Вака министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите по нивно барање го образложи настанот во Слупчане.

„Длабоко верувам во тоа што го кажувам. Долго време сум во државни институции и досега не сум имал ниту една изјава етнички базирана“, рече Бесими, додавајќи оти дневнополитички можеби тоа звучи идеализирано, но тоа е Македонија, потенцира, во која верува и во која може да успееме.

Министерот за одбрана повторно изјави немало прекршување на процедурите при неговото поклонување пред споменикот во Слупчане и дека униформираните лица во неговата придружба во селото биле по негова наредба и поради тоа не била прекршена никаква процедура.

„Клучот на сe е дека ние треба меѓу нас да се почитуваме и да сфатиме дека живееме во иста куќа и имаме заедничка иднина. Тоа е клучот. Ако така постапуваме, мислам дека има решенија за сe. Македонија заслужува да биде дел од евроатлантските структури, евроатлантската заедница, како што го дава својот придонес, а тоа можеме доколку ние меѓу нас ги надминуваме разликите, треба заеднички да работиме и да гледаме како идните генерации да имаат посветла иднина и тоа ние можеме да го постигнеме ако се обидеме да се разбереме меѓу себе“, рече Бесими.

На прашањето каде се разидуваат со заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев кој соопшти дека ќе се покренат дисциплински постапки, Бесими одговори дека во сите изјави и соопштенија се презентира ставот на Министерството, а не се коментира.

Во врска со законот за бранителите, Бесими истакна дека ДУИ и пратеничката група имаат изградено и презентирано политички став и нема ништо повеќе да додаде.

На новинарско прашање за приемот на 12 припадници од етничките заедници кадети во Воената академија, кои се многу подолу на ранг листата со освоени поени врз основа на дадените критериуми, министерот за одбрана појасни дека изборот е направен согласно Законот за воена академија, а во конкретниот случај досега нема пристигнато жалби за одлуката за направениот прием. Во однос на процедурата, подвлече, се предвидува, покрај квалитетот да се има предвид и правичната застапеност.

- На ниво на АРМ на офицерски позиции има околу 10 проценти од етничките заедници во Република Македонија, а тој процент е повисок кај професионалните војници. Значи станува збор за имплементација на законски одредби, рече Бесими, информрајќи оти меѓу 12 - те примени има и Турчин, Бошњак и Албанци.









Статијата е прочитана 1291 пати.

Испрати коментар



Собранието со акламација го изгласа Законот за следење на комуникациите
Атина чека друг соговорник за името
Утре нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи
Специјален тим ќе ги штити министерствата од хакери
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
СДСМ протестира за контрапротестите
Американската амбасада во Скопје на штрек
Македонија ќе претседава со Форумот за безбедност на ОБСЕ
Добрососедските односи - клуч за влез во ЕУ
Медведев побара панкерките да бидат ослободени
Мексиканската морнарица го уапси наркобосот „Ел Кос“
Нови три споменици покрај Вардар
Мотивот за убиството на француските Алпи е „британски“
„Прототип“, „Тинекс“, „Вип“, „Здравје Радово“ - најдобри работодавци
Момче од Пробиштип почина на градилиште во Подгорица
Иванов - Постои потенцијал за посилна економска соработка меѓу Македонија и Турција
В недела ќе се чисти отпадот од Охридското езеро
Кралев најави прекршочни пријави за Чаир
(ФОТО) Демонстранти упаднаа во американската амбасада во Јемен
Магаш тврди дека имал „бизнис“ врски со Љубчо Георгиевски
Во Косово запленети милион фалсификувани долари
Писмо со сочувство од Иванов до Обама по нападот во Бенгази
„Марш на милионите“ в сабота во Москва
Построги казни за расистичките напади во Грција
(ФОТО) Борбата во Бенгази траела неколку часа
Руте доби нов мандат од Холанѓаните
„Лов“ на танчерки во Полог
Ставрески ги смири тутунарите
Побарувачката на нафта ќе стагнира
Почна судскиот процес за „Детонатор“
Романската државна телевизија отпушта 1.000 вработени
Обама, НАТО и ЕУ остро го осудија убиството на американскиот амбасадор
Изготвен список за изнајмување грчки острови
Хрватска не се брза за влез во еврозоната
ДУИ ќе гласа за владините закони, но не и за бранителите
Свечен прием во седиштето на НАТО по повод 20 години АРМ
Премиерот на Каталонија почнува кампања за независност
Ципрас гледа националистичка реторика во Македонија
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
Магаш - Луксузни „мерцедеси“ подарок за македонската врска во шверцот со нафта
Усвоен Законот за доброволно здравствено осигурување
Пуштен во употреба кружниот тек во Ѓорче Петров
Двомесечното бебе Надица замина на операција во Бугарија
Руски кардиолози во посета на „Аџибадем Систина“
САД ја евакуираат дипломатската мисија од Бенгази
Патници од Србија и Косово ќе летаат од ��Александар Велики“
Издадени првите две задолжници во износ од 24 милиони денари
ОМД - Охридскиот договор треба да се преиспита
(ФОТО) Убиен американскиот амбасадор во Либија
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
Попоски и Бесими ќе се сретнат со Расмусен
Штрајк во Грција - денеска на ред учителите, лекарите и воените лица
Во два пожари во пакистански фабрики загинаа 128 луѓе
(ФОТО) Демонстрации во Барселона за независност на Каталонија
(ФОТО) Ја надигравме Шкотска, освоивме само бод
Австрискиот канцелар под истрага за корупција
Тргнати бистите на Сандански и Жинзифов од училиштата во Чаир
Шведски новинари ослободени од Етиопија
(ФОТО) Убиствата во Алпите извршени со чешки „скорпион“
Ученик прободен со нож во скопски АСУЦ
Талибанците на Фејсбук се претставуваат како убави девојки
На следните избори ќе гласаат 70.000 граѓани помалку
Северна Кореja ја прифати хуманитарна помош од Сеул
Бесими и Попоски на состанок на Северно-атлантскиот совет
ЕП бара да се најдат одговoрните за грабнувањето на Ел Масри
Критичар на Путин ќе биде исфрлен од Думата
Ракетирана база на НАТО во Авганистан
СДСМ - Аризанов си го покажа вистинското лице
Педесет вработени во Пиварница ќе останат без работа
Информатор за крводарителни акции и на смартфоните
Притворен поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен
Шпанија не сака мешање од ЕУ
Словенечка НЛБ под истрага за зделките на Балканот
(ВИДЕО) Шокантно сведоштво за трговијата со органи на Косово
Иванов со писмо до Обама по повод нападите на 11. септември
Српската Влада го зголеми ДДВ-то и акцизите
Франција не може да ја прифати целата сиромаштија на Европа
Еден загинат при бомбашки напад на полициска станица во Истанбул
Одложена расправата за Законот за бранителите
Едно лице почина во пожар во Мариово
Мохамед ал Завахири ќе посредува меѓу исламистите и Западот
Единаесет години од нападите на 11. септември
ЕУ и понатаму ќе ја контролира независноста на Косово
Фејт прогласи завршуавање на надгледуваната независност
Расмунсен - НАТО нема да ги повлекува трупите од Косово
Рикер - САД останува партнер на Приштина и по целосната независност
Масовна тепачка со шишиња и ножеви во тетовско кафуле
Штетата во „Калдрма“ проценета на 1,7 милиони евра
Истрагата за Смилковци ќе се затвори во октомври
Витаминот Б3 и „супербактеријата“



Trajce, 11.09.2012 14:54:58
bidi blagodaren g. minister na nesposoben premier vo sprotivno odamna ce bese rasresen
Janko, 11.09.2012 15:11:30
Nema komentari????
kompas, 11.09.2012 15:35:28
Felix alijas Jovan@vlada, bi te zamolil da ni go objasnis Slupcane, albanskata himna i slicnite dogodovstini vo posledno vreme. Kolku da ni gi otvoris ocite na nas neukite. Bi te zamolil samo da ne se navrakas na Tito,komunistite (ete i Stiv Naumov se izbrisa neli kako nemakedonec i tiranin, taka barem Vie kazuvate), liceto BC (toj ne moze ni voda da im nosi na gorenavedenite so koi go sporeduvas).Mislam tie bidejki ne cinea gi eliminiravme i gi nema,tie se zavrsena prikazna. Ta zatoa sto pravime sega? Sto ponatamu?
Bobi, 11.09.2012 16:07:52
Dlaboko ne mozam da mu veruvam, neznam zosto. Bi sakal, no ne mozam.
Самоил, 11.09.2012 22:37:35
Армијата е еден од столбовите на државата. Ако има двојство во командувањето над униформираните припадници на армијата по основ на правилата на служба, партиска и / или етничка припадност, посебно сега кога сме сведоци на најновите етнички мотивирани случувања, тогаш нема ништо од оваа наша држава. Голем пропуст е направен при формулирањето на охридскиот рамковен договор кога веднаш не се утврдени правата на учесниците во тогашните „воени вежби“ и не е потенцирано кои биле причините за конфликтот : дали човекови права или освојувачка војна. Тоа со што МАКЕДОНСКИТЕ политичари не беа спремни да се соочат тогаш, а сеуште го градат својот рејтинг на националистички пароли, станува се посурово присутно во секојдневниот живот со поткопување на сите темели на нашата држава. Нема заеднички живот ако секој се однесува по свои правила и закони, без заеднички вредности кои ќе не обединуваат. Нема напредок без примена на науката. Слепата послушност неминовно ќе доведе до конфликт !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Четврток
Грмотевици
Макс: 30°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |