11.09.2012, 12:41 Српската Влада го зголеми ДДВ-то и акцизите
Српската Влада донесе одлука да го зголеми ДДВ-то од 18 на 20 отсто, додека за сите животни намирници е задржана ниската стапка од 8 отсто. Акцизите на цигарите се зголемува од 33 на 43 динари и ќе и ќе важат до 30 октомври 2013 година. Ќе се зголеми и акцизата на дизел горивото, а данокот на дивиденда од камата е зголемена од 10 на 15 отсто.
Владата на Србија го усвои и ребалансот на буџетот за 2012 година. Ваквата одлука на српската влада ќе важи од октомври и таа е само една од мерките за намалување на буџетскиот дефицит, имајќи предвид дека за намалувањето и отплатата на јавниот долг на Србија и се потребни рекордни 4,4 милијарди евра. Српскиот министер за финансии Млаѓан Динкиќ изјави дека владата усвоила 12 закони, чија цел е воведување ред во јавните финансии, како и ребаланс на буџетот, а според неговите зборови секое одложување на фискалната консолидација Србија се една до две години би ја довело во ситуација во која што сега се наоѓа Грција. Овие мерки српскиот парламент би требало да ги усвои во текот на идната недела. Целата на српската влада е идната година дефицитот да биде намален на 4 отсто, за да се постави темелот за општо економско заздравување на земјата. Премиерот Ивица Дачиќ смета дека Србија може да се задолжува, бидејќи треба да го поттикне производството и затоа е потребно да се разговара со Меѓународниот монетарен фонд, чии што претставници оваа недела ќе пристигнат во Белград, како и со другите светски финансиски институции, но и со Русија и Кина.
Властите во Србија уверуваат дека ќе ги заштитат најсиромашните слоеви. Платите пак и пензиите ќе се зголемат за 2 отсто, а највисоката плата во јавниот сектор може да биде до 162.000 динари, до 1.400 евра. |