12.09.2012, 16:12 Пари од УЕФА за четири македонски клубови
Четири македонски фудбалски клубови ќе поделат 83.857 евра за учеството на нивни играчи во квалификациите за Европското првеснтво што летоска се одигра во Полска и во Украина и, воопшто, за својот придонес за репрезентативниот фудбал. Работнички, Шкендија, Вардар и Металург се меѓу 575 европски клубови што ќе добијат дел од 200 милиони евра предвидени со Меморандумот за разбирање меѓу Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и УЕФА, потпишан во март годинава. Со оваа одлука најмногу ќе се „опари“ Работнички, кој треба да добие 37.736 евра, за Шкендија се одредени 20.964, за Вардар 16.771 и за Металург 8.386.
Шкендија ќе ги добие парите откако ќе ги подмири сите финансиски обврски поради кои УЕФА ја стави на листата на 23 клуба што им должат на други клубови, на своите играчи, на вработените или на државата.
|