Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
13.09.2012, 18:17

Како беше убиен амбасадорот во Либија

Клучните факти остануваат неразјаснети, особено како амбасадорот Стивенс загинал и како неговото тело завршило во болница во Бенгази

Најмалку еден час пред почетокот на нападот беше забележана колона од автомобили како се движи кон американскиот конзулат во источниот либиски град Бенгази. До вторникот доцна вечерта, околу 50 добро вооружени милитанти се собраа пред неговите високи ѕидови. Тие им се приклучија на демонстрантите пред конзулатот кои протестираа против американскиот филм за кој веруваат дека го омаловажува пророкот Мухамед. Но, според еден очевидец, новодојденците ниту извикувале слогани ниту, пак, носеле транспаренти. „Тие рекоа ’ние сме муслимани кои го штитат пророкот. Ние го браниме исламот‘“, изјави во интервју новинарот Фирас Абделаким од либиската телевизија.

Вооружените лица набрзо потоа отворија оган, влегоа во комплексот и ги запалија зградите на конзулатот. Неколку часа подоцна, комплексот беше заземен и четворица Американци беа мртви. Меѓу нив беа американскиот амбасадор Кристофер Стивенс (52) и Шон Смит, службеник во Стејт департментот.

Хаотичната сцена беше опишана од високи официјални претставници на администрацијата на Обама, либиски владини официјални лица и очевидци. Се' уште се откриваат детали околу нападот. Клучните факти остануваат неразјаснети, особено како Стивенс загинал и како неговото тело завршило во болница во Бенгази. Иако се собираат доказите, првичните информации покажуваат дека нападот бил испланиран и дека напаѓачите вешто ја искористиле предноста на протестите пред конзулатот.

Висок американски разузнавач изјави: „Во овој напад не забележуваме некоја позначајна индикација за инволвираност на Ал Каеда“, додавајќи дека има конфликтни индикации за обемот до кој е планиран нападот. „Имаме некои сознанија што не' насочуваат во таа насока, а други кои не го прават тоа“, изјави официјалното лице кое сакаше да остане анонимно поради чувствителноста на ситуацијата. Тој одби да елаборира, освен што кажа дека американските шпионски агенции не наишле на разузнавачки информации што би навеле дека се подготвува таков напад.

Во нерасположеното појавување на претседателот Обама, во градината во Белата куќа, тој упати невообичаено емотивно предупредување, велејќи: „Не сомневајте се, правдата ќе биде задоволена“.

Но, и покрај изјавите за одлучност, имаше изрази на скептицизам: како може еден американски објект кој пред само три месеци беше цел на напад и понатаму да е толку изложен на напади? Како може градот кој САД помогнаа да се заштити за време на либиското востание да стане место на таков грозен напад врз САД?

„Како можеше да се случи ова во земјата што помогнавме да се ослободи, во градот што помогнавме да се спаси од уништување“, праша државната секретарка Хилари Родам Клинтон. „Ова прашање покажува колку е се' комплицирано и колку конфузен може да биде светот“.

Конзулатот е оградена вила со базен и палми покрај неасфалтираната споредна улица во областа Фајхат во Бенгази. Тој се вклопува со другите резиденции во богатата населба, каде што комплексите оградени со ѕидови се опкружени со зелени градини, а на правливите улици се наредени продавници и кафулиња.

Американски воени официјални лица изјавија дека објектот во Бенгази не бил обезбедуван од маринци, како што е случај со повеќето амбасади и конзулати.

Стивенс, кој помина многу години во Либија, во понеделникот пристигна од амбасадата во Триполи на рутинските состаноци што беа планирани за оваа недела. Пријателот, кој во понеделникот и вторникот бил со него, рече дека Стивенс имал средби со невладини организации и водачи на милиции. Кога пријателот во вторникот попладнето го оставил Стивенс во конзулатот, ништо не покажувало дека има некакви проблеми – освен протестите.

Првите демонстранти се појавија околу пладне. Прелиминарните информации шпекулираат дека насилството спонтано растело од бесот поради филмот. Но, американски и либиски официјални лица фрлија сомнеж врз таа теорија, додека некои наведуваат дека напаѓачите ја искористиле предноста креирана од демонстрантите.

Според овие официјални лица, протестите околу 22 часот се претворија во оружена пресметка, речиси половина час откако конвојот со милитанти пристигна пред конзулатот. Тие наведоа дека луѓе од толпата почнале да пукаат кон конзулатот. За 15 минути напаѓачите ги пробиле влезните порти, ги прекачиле ѕидовите и подметнале оган во главната зграда.

Пријателот на Стивенс изјави дека тој се вратил во комплексот кога дознал за борбите и наишол на хаотична сцена. „Луѓето креваа паника и плачеа, а со пукотниците и експлозиите таму беше вистински хаос“, изјави пријателот кој сакаше да остане анонимен поради страв од загрозување на сопствената безбедност.

Друг очевидец, Бен Еиса ел-Махџуб, член на новинарската екипа која беше на самото место, изјави дека инцидентот не бил протест. „Вооружени групи влегоа во американскиот конзулат“, изјави тој, додека конзулатот даваше отпор однатре. Тој наведе дека безбедносни тимови се обиделе да го заштитат амбасадорот и конзулатот.

Додека припадници на американските безбедносни сили и либиски стражари возвратија на огнот, првиот човек на безбедноста во амбасадата, кој бил во придружба на амбасадорот од Триполи, се обидел да ги однесе Стивенс и Смит на безбедно внатре во конзулатот. Во чадот и хаосот, тие се разделиле. Кога човек од обезбедувањето излегол надвор, не можел да ги најде Стивенс и Смит. Тој повикал помош и се вратил назад во запалената зграда. Спасувачите го откриле телото на Смит, но не можеле да го најдат амбасадорот.

Под постојан оган персоналот и другите вработени во конзулатот избегале во доградбата веднаш до комплексот. Уште двајца други Американци беа убиени во пресметката; тие не се идентификувани, додека не бидат информирани нивните семејства.

Во средата околу 2 часот изутрина либиските безбедносни сили и нивните американски колеги, конечно, беа во можност да го обезбедат комплексот и да ја продолжат потрагата по амбасадорот.

Но, во еден момент, Стивенс бил однесен од конзулатот во медицинскиот центар во Бенгази. Американски официјални лица изјавија дека не е познато кој го однел или дали тој бил жив во тоа време. На фотографиите објавени од „Гети имиџис“ се гледа лице идентификувано како Стивенс, со поцрнета кожа од чад, како Либијци го извлекуваат додека се обидуваат да изведат безнадежно спасување. Висок официјален претставник во болницата изјави де��а Стивенс бил мртов кога го донеле. (Вашингтон пост)


Статијата е прочитана 6012 пати.

Испрати коментар



Во Европа недостига импулс (2)
Нападот во Либија криза за Обама
Голема мистерија кој го направил контроверзниот филм
Протестите за антиисламскиот филм се шират



jordan, 14.09.2012 00:49:20
na demokratski nacin isto kako sto go utepaa amerikancite Husein.sepak socuvstvo za nego i negovata familija...
jovan, 14.09.2012 01:45:59
Interesno scenarijo. Priprema za edna golema verska vojna koja ima za cel da go zblizi celiot zapaden svet (i Rusija) vo nov *krtonosen pohod* protiv islamot. Ovoj zverski napad ne e sigurno organiziran od *obicni* Muslimani, bidejki nikoj normalen ne bi napagal Ambasada i bi vrsel takvi zverstva. Ova se platenasi koj imaat za cel da isceniraat konflikt kako bi imal pricina zapadot da *udri* vrz Muslimanite. Mnogu podmolni raboti ke se iznagledame. Neka Bog, Isus ili Alah, im e na pomos na site tamu vo Arapskiot svet, no bogami i nas. Ne sme mnogu daleku, a i mesani sme. Dovolno e i ovde na Balkanot nekoja budala da napravi incident i.....Americancite, a pogotova onaa Gospozata Klinton, odlicno glumat *iznenadeni i uvredzeni*.
kemba, 14.09.2012 07:37:27
Nekoj gledam ni ja naucile nitu ke naucat deka ne Amerika tuku muslimanite krajnata cel im e eden den site luge da bidat i da se odnesuvaat po muslimanskite zakoni, a za taa cel ne biraat sredsva.Ova mnogu me potsete so begalskata kriza koga gi spasivme a za vozvrat ni ja podarija 2001g.
zrak, 14.09.2012 07:41:40
pa vo cel svet amerite gi podbucnuvaat ovie od islamot za da ima nemiri,ama se nadevam deka SAD najpoke ke stradaat od niv,Napagacite gi smetam za borci za covekovi pravaa slusam amerite dobija izvinuvanje od libija,isto kako amerite sto se izvinuvaat,brzo ucat ovie od islamot.....
silvester sidnej, 14.09.2012 11:43:26
Ne mi e jasno kako sega Amerikancite gi soborubaat site legalni pretsedateli znaejki deka buntovnicite se Al Kaeda i vo Egipet, Libija , Srija. Znaci samite tie instaliraat neprijateli so tapija. Cudno.
analiticar, 14.09.2012 13:08:22
Silvester amerikanskata ekonomija se potpira na voena indusrija-zatoa podbucnuvaat vojni,Lekarstva zatoa izmisluvaat bolesti vo nivnite labaratori i na biznis so nafta,zatoa podbucnuvaat vojni kaj arapite a ne vo afrikanskite rezimi....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 14°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |