Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
13.09.2012, 18:15

Протестите за антиисламскиот филм се шират

Опсадите на американските амбасади во арапските земји ја вжештија ситуацијата. Револуциите се свртеа против Вашингтон

САНА/КАИРО – Демонстранти вчера ги нападнаа американските амбасади во Јемен и Египет во знак на протест против филмот што тие сметаат дека го богохули исламот, а американски воени бродови се упатија кон Либија по смртта на американскиот амбасадор. Стотици Јеменци кои протестираа ја пробија главната порта на добро обезбедуваниот комплекс во источниот дел на Сана скандирајќи: „Ние се жртвуваме за тебе, гласнику на Бога“. Претходно тие ги искршија прозорците на канцелариите на безбедносните служби надвор од амбасадата и запалија автомобили.

„Се забележува оган внатре во комплексот и безбедносните служби пукаат во воздух. Демонстрантите бегаат и потоа се враќаат“, изјави еден очевидец на настанот за Ројтерс. Извор од безбедносните служби наведе дека најмалку 15 лица се повредени, некои со прострелни рани. Портпаролот на амбасадата изјави дека персоналот е на безбедно.

Во Египет, демонстранти фрлаа камења кон полицискиот кордон околу американската амбасада во централниот дел на Каиро откако ги прескокнаа оградите и го симнаа американското знаме. Државната новинска агенција соопшти дека 13 лица се повредени во насилството што еруптираше во средата вечерта по протестите во вторникот.

Околу 1.000 исламисти од Бангладеш се обидоа да изведат марш до американската амбасада во Дака по протестите на почетокот од неделава пред американските мисии во Тунис, Судан и Мароко.

Американската армија испрати поморско-десантен антитерористички тим за да ја зајакне безбедноста во Либија. Нападот, за кој американски официјални лица наведоа дека најверојатно бил претходно планиран, се случи на 11-годишнината од нападите на Ал Каеда врз САД на 11 септември 2001 година.

Напаѓачите се дел од криминална група што ја обвинува Америка за филмот за кои наведоа дека го навредува пророкот Мухамед. Со недели делови од „Невиноста на муслиманите“ кружеа по интернет пред да еруптираат протестите.

Тие покажуваат аматерска продукција на пророкот Мухамед како женкар, хомосексуалец и злоупотребувач на деца. За многу муслимани, каков било опис на пророкот е богохулење и карикатури или други описи во минатото провоцираа протести низ муслиманскиот свет.

Јемен, клучен американски сојузник, е дом на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, кој од страна на Вашингтон се смета за најопасен разгранок на милитантната мрежа формирана од Осама бин Ладен. Нападите може да ги променат американските ставови кон револуциите со кои беа соборени секуларистичките авторитарни лидери во Египет, Либија и Тунис и ги донесоа исламистите на власт.

Насилството, исто така, би можело да има влијание на изедначената претседателска трка во САД пред изборите закажани за 6 ноември. Републиканецот Мит Ромни, противкандидатот на Обама, го критикуваше одговорот на претседателот на кризата. Тој изјави дека тајмингот на соопштението од американската амбасада во Каиро во кое се осудуваат „напорите на заведени индивидуалци да ги навредат религиозните чувства на муслиманите“ направи Обама да изгледа слаб додека демонстранти ги напаѓаат американските мисии.

Од таборот на Обама го обвинија Ромни дека се обидува да постигне политички поени во време на национална трагедија.

Стивенс, 52-годишен дипломат до Калифорнија кој ја мина кариерата дејствувајќи во опасни места, стана првиот американски амбасадор убиен во напад, по Адолф Дабс во Авганистан, кој загина во обид за киднапирање во 1979 година. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 699 пати.

Испрати коментар



Во Европа недостига импулс (2)
Нападот во Либија криза за Обама
Како беше убиен амбасадорот во Либија
Голема мистерија кој го направил контроверзниот филм



Bumerang, 14.09.2012 10:12:08
Ne e dobro covek da se siti na tudji nesreci, no Amerika go zasluzuva ova. taa ne izvlece dovolno pouka od 11 septemvri i ponatamu vodi edna cudna politika kon islamskite zemji , kade namesto demokratija i sovremeno osoznajuvanje na svetot , stvara plodno tlo za razvivanje i sirenje na radikalniot islam. islamot i onaka po svojata sodrzina i obmisla e agresiven iradikalen , a sega Zapadot, a posebno amerika dotura dodatno benzin na razgoren ogan. No ete toa i se vraca kako bumerang.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 14°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |