Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
17.09.2012, 16:24

Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“



Жестока дискусија на „Браќа Манаки“ околу одбележувањето на 65-годишнината на „Вардар филм“

Сунчица Уневска

Битола - Српскиот филм „Смртта на човекот на Балкан“ во режија на Мирослав Момчиловиќ синоќа во исклучителна атмосфера ја отвори програмата „Нови визии“ во рамките на 33. Фестивал „Браќа Манаки“. Ова остварување, кое целосно е снимено во еден кадар, и тоа низ окото на веб-камера додека во еден стан каде што ќе се убие сопственикот се собираат неговите соседи, ги воодушеви битолските и странските гости. Полн со хумор и забава, но и со силен поттекст, филмот беше испратен со долг аплауз и со честитки од присутните за неговиот избор, како и до гостинот, српскиот директор на фотографија Миладин Чолаковиќ, кој годинава е и член на главното жири.

„Смртта на човекот на Балкан“, во кој босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ има маестрална улога, е дело кое на одличен начин успева да го долови балканскиот менталитет, но истовремено и да проговори за отуѓеноста и нечовечноста на современиот човек. Впрочем, и идејата за овој филм потекнува токму од една таква случка, која Миладин Чолаковиќ ја раскажа пред самата проекција. Тој кажа дека режисерот и сценарист Момчиловиќ бил присутен на една партија пинг-понг, кога на еден човек му се слошило и починал. Сите застанале во еден момент и викнале брза помош, но како што одминувало времето, си продолжиле да играат додека човекот лежел мртов покрај нив.

Миладин Чолаковиќ зборуваше и за начинот на снимање, како и за тоа дека било лесно да се сними филмот, но многу тешко да се подготви. Инаку, ова е буквално ноу баџет филм, кој го предизвика вниманието на студентите во Битола, а кој отиде веќе на голем број фестивали и освои награди. Како што рече Чолаковиќ, филмот добива по 50 покани дневно за фестивали, на што не можат ни да стигнат да одговорат. Инаку, „Смртта на човекот на Балкан“ се' уште ја немал премиерата во Белград, па така што во Битола се случи неговата ексклузивна премиера.

Вчера во Битола се одржа и прес-конференција по повод одбележувањето на 65-годишнината од „Вардар филм“, на која беше присутен директорот на Друштвото на филмски професионалци, Горјан Тозија. Тој им подели на новинарите еден вид протестно писмо, кое го наслови со „Вардар филм - клиничка слика и краток обид за дијагноза“. Тезите околу кои зборуваше Тозија беа во врска со тоа што значи да се има бренд, велејќи дека брендот се натпреварува на пазарот директно против други конкурентски брендови, но „Вардар филм“ не може, бидејќи тој, пред се', мора да се натпреварува против македонскиот табиет. „Против нашата нескротлива желба да го ничкосаме сето она што не' прави подобри од другите“, потенцира тој.

„’Вардар филм‘ е колективна меморија на македонскиот филм“, продолжи Тозија, прашувајќи се дали може една мала држава како нашата да има подобра компанија која изродила многу филмски автори, чии филмови биле на многу фестивали, освојувале награди, па дури и номинација за „Оскар“.

На прашањето како би можело денес „Вардар филм“ да се претвори во продуцент кој би се приспособил на современиот начин на работење, тој одговори дека оваа куќа нема да може да оди напред или да се трансформира ако првин не се расчисти со тоа кој и зошто сакаше да ја уништи. Тој рече дека сега навистина се вложува, но, за жал, дека нема соработка со луѓето од филмската бранша и дека треба да имаме вистинска стратегија.

Директорката на Кинотека на Македонија, Мими Ѓорѓоска-Илиевска, се вклучи во дискусијата, зборувајќи дека ситуацијата околу оваа продуцентска куќа е сложен проблем од кој сите бегаат, но дека сега постои желба таа агонија да се разреши на соодветен начин. Таа посочи дека не постои конкретен одговор, дека „Вардар филм“ има долг за кој не се знае точно кој треба да го врати, но дека се работи на тоа и дека се вложуваат многу идеи, но решението е сложено.

Горјан Тозија додаде дека филмските работници апелирале до Владата оти во Македонија има и памет и искуство и дека не е в ред да се носат стручњаци однадвор кои немаат направено ништо. Тој зборуваше дека треба да се создаде прво техничка база, за што навистина одамна се зборува, да се овозможи оваа куќа да создава профит и да може да работи без дополнителни средства од државата. Дека шансата се копродукции и достигнување европски стандарди, но, како што рече, тие веќе три години имаат предлог-проект на ДВД да се стави она што Македонија може како филмска дестинација да го понуди, но од тоа ништо. Нивниот апел, сепак, е дека овде има многу искусни филмски работници кои, секако, треба да се дел од разрешувањето на овој проблем.


Статијата е прочитана 727 пати.

Испрати коментар



Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Претежно облачно

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 14°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |