Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.09.2012, 12:35
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз



Неговата сопруга Ајда Филд во вторникот попладне, на 18 септември го донесе на свет девојчето Теодора Роуз Вилијамс, попозната како Тедеи

Пејачот Роби Вилијамс стана татко. Неговата сопруга Ајда Филд во вторникот попладне, на 18 септември го донесе на свет девојчето, на кое парот му даде име Теодора Роуз.

Роби Вилијамс вечерта ги известил своите обожаватели преку „Твитер“ дека добил ќерка. „Теодора Роуз Вилијамс, попозната како Тедеи, родена е во 15 часот и 33 минути, на 18 септември. Бебето, мајката и таткото се одлично“, напишал пејачот.

Роби и Ајда се венчаа пред две години и ова е нивно прво дете. Честитките набрзо стигнале од пријателите и колегите, а најбрз бил колегата на Роби, Гери Барлоу од бендот „Тејк дет“.

Вилијамс минатата недела изјавил дека ќе биде многу зафатен и се плаши дека ќе го пропушти раѓањето на ќерката. Тој тогаш навестил дека девојчето ќе има традиционално име.

„Избравме име, но нема да биде Епл или такво нешто. Во прашање е традиционално, старинско име“, рекол Роби, алудирајќи на ќерката на Гвинет Палтроу и Крис Мартин.

Американката Ајда Филд се породила во Лос Анџелес, но семејството планира наскоро да се пресели во Лондон.

„Не сакам мојата ќерка да оди на училиште со идиоти. Таков вид на идиоти постојат само во Лос Анџелес“, бил строг Роби.

Статијата е прочитана 819 пати.

Испрати коментар



Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |