Полицијата информира дека вчера во Скопје се случиле две самоубиства. Едното се случило во скопската населба Карпош, додека другото самоубиство според полициските информации било во населбата Маџари.
Жителите на Карпош биле преплашени кога пред зградата во која живеат го виделе безживотното тело на нивниот сосед, 54-годишен маж кој скокнал од терасата од станот во кој живеел.
Второто самоубиство било извршено со пиштол. Од полицијата велат дека 30-годишна девојка од Маџари си пукала со пиштол во главата.
Полицијата засега не го обелоденува идентитетот на двајцата починати.
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“