Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
18.09.2012, 14:59

(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник



Престижната титула на Манчевски му ја додели претседателот Ѓорге Иванов

ФОТО: Киро Попов

„Еве сега сум и официјално уметник“ рече денеска сценаристот, режисер и професор Милчо Манчевски по добивањето на титулата Национален уметник на Македонија, во Вилата Водно од страна на претседателот Ѓорге Иванов. По изразувањето благодарност до Претседателот, Министерката за култура и комисијата, Манчевски продолжи: „Благодарам на сите оние блиски, кои беа близу кога беше лесно, ама и кога беше тешко“.

Манчевски е вториот македонски уметник, по пијанистот Симон Трпчевски кој ја доби престижната титула, на свеченоста на која присуствуваа голем број почитувачи на неговото творештво и пријатели. Претседателот Иванов потенцираше дека Манчевски со своите уметнички постигнувања, пред се со неговите долгометражни филмови, а особено со првенецот, „Пред дождот“ кој освои „Златен лав“ во Венеција, си обезбеди место во светската кинематографија. „Но исто така ја промовираше Република Македонија и отвори пат за интензивен развој на македонската кинематографија. Благодарение на филмовите и успесите на Манчевски, повторно се покажа дека културата и уметноста можат да бидат најдобар и најефикасен репрезент на една држава“ рече тој, нарекувајќи го Мило Манчевски, луциден и иновативен и доследен синеаст.



Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, меѓудругото посочи дека Манчевски е првиот филмски автор од Македонија кој успеа во еден важен период по осамостојувањето на државата да ја запознае светската јавност и филмската критика со новата држава на Балканот. „Со тоа им отвори пат и на идните генерации млади синеасти, успешно да се промовираат во светот“, рече таа.

Од богата биографија на Манчевски во оваа прилика при доделувањето на титулата национален уметник, беше посочено на низа значајни моменти меѓудругото дека е роден во Скопје во кое често доаѓа, иако од 1985 година живее во Њујорк каде работи како режисер и професор по режија на постдипломски студии на „Њујорк Универзити“, но и дека неговото творештво во голема мера е врзано за македонското поднебје.

Милчо Манчевски досега реализирал околу 50-тина кратки филмски форми, дел од кои се и наградени. Долгометражните филмови му се наградени со над 40 - тина високи меѓународни награди за естетски и културни достигнувања, а четирите негови долгометражни филмови: „Пред дождот���, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ му се прикажани на над 200 фестивалски проекции на сите континенти и имаат и редовна дистрибуција за кино и ТВ мрежите на педесет земји на сите континенти. Манчевски завзема место и во наставната програма на стотина универзитети, филмски енциклопедии и кинотеки кои редовно ги изучуваат неговите филмови, а вчера беше потсетено дека на неговите филмови се школуваа многу македонски филмски работници и актери. Како директни инвестиции од странски партнери и влади на: Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, но и од „Еуроимаж“, со неговите филмови досега во Македонија се слеаа над 15 милиони евра. (К.Б.)



Статијата е прочитана 808 пати.

Испрати коментар



Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“



Весна, 18.09.2012 15:17:13
Заслужено. Честитки

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Претежно облачно

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 14°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |