Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
13.09.2012, 17:58

Ѕвонат ли рецесиските ѕвона во Македонија

Аналитичарите очекуваат минус и за второто тримесечје, што би значело дека земјава официјално влегува во рецесија

Нина Нинеска-Фиданоска


Ќе биде вистинско чудо ако денес не заѕвони рецесиското ѕвоно во Македонија, коментираат економските експерти и бизнисмените. И покрај силната напнатост и неизвесност на политичката сцена која со денови ја окупира домашната публика, овој петок се чини дека погледите на граѓаните треба да се тргнат од Собранието и од политичките калкулации и да се пренасочат кон Државниот завод за статистика, кој го објавува податокот за економскиот раст за вториот квартал од годинава. „Ако тој е негативен, а сигурно е доколку математиките не преживеат извесни интервенции, во земјава и официјално се прогласува рецесија“, велат аналитичарите, додавајќи дека тоа нема да биде нешто ново и непознато, туку само статистичка потврда на македонската економска реалност.

Во првото тримесечје земјава ја потресе значителен минус на бруто-домашниот производ од 1,4 проценти, што беше сосема очекуван резултат ако се има предвид колку силно европската криза удри врз македонската индустрија и другите сектори во тој период. Тогаш од Владата коментираа дека веќе од вториот квартал очекуваат економијата да почне да застанува на нозе, а уште повеќе да заздрави во второто полугодие, што беше причина да не отстапат од својата прогноза за економски раст за годинава од 2,5 проценти, колку што е наведено во ребалансираниот буџет. Но, како што стартуваше вториот квартал, речиси сите параметри почнаа да го топат владиниот оптимизам за подобрување на економската слика.

Ако се набљудува првото полугодие, односно периодот јануари-јуни 2012, индустриското производство на земјава во однос на истиот период лани имало пад од 6,9 проценти, извозот бележел силен минус од 10,5 отсто, додека увозот бил во негатива за 7,3 проценти. Лоши се бројките и кај речиси сите други параметри кои упатуваат на тоа каков податок за БДП ќе презентираат денес државните статистичари.

„Би било чудно да не се појави негативна стапка за вториот квартал, бидејќи јасно е дека сите параметри, и државната потрошувачка, и финалната потрошувачка, и извозот, и увозот, како и инвестициите и индустријата имаат пад во тој период“, вели универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров. Тој додава дека инвестициите се ниски бидејќи инвеститорите се воздржани и се во исчекување како натаму ќе се развива состојбата, особено во извозно ориентираните гранки. Реалните лични доходи не одат нагоре, што значи дека не расте ни финалната потрошувачка, а буџетот не се полни според очекуваното и ќе биде ниска и државната потрошувачка. Во врска со големиот пад на извозот, пак, професорот вели дека значајно се намалува и увозот, што ќе го амортизира ефектот и нема многу да влијае врз податокот за БДП. „Ако ги гледаме сите параметри, би требало да се очекува негативен раст за вториот квартал, односно влегување во рецесија. Но, таа е веќе реалност, а бројката ќе биде само статистичко мерење на реалните материјални движења. Но, секако дека официјалното влегување во рецесија ќе биде аларм за Владата дека мора да преземе чекори за да ги билансира очекуваните текови, за потоа да не се случи да не' изненади непријатно, на пример да прикаже буџетски дефицит од 3 отсто, наместо планираните 2,5 проценти од БДП“, смета овој аналитичар. Според него, по црвената тревога Владата веројатно ќе треба да размислува за нов ребаланс, како и за одредени поттикнувачки мерки за стопанството.

Министерот за финансии Зоран Ставрески завчера изјави дека Владата засега не планира ребалансирање на државната каса, а дека во тек се подготовките за буџетот за идната година.

„Утрински весник“ вчера го праша Министерството за финансии какви се нивните очекувања за растот на БДП за вториот квартал, кои треба да бидат објавени денеска, но не доби одговор до затворањето на овој број од весникот.

Аналитичарот Кире Наумов, во својата вчерашна колумна за „Дневник“ прогнозираше дека очекува пад на БДП меѓу 0,5 и 1,5 отсто за вториот квартал. „Не сакам да им верувам на шпекулациите дека ДЗС работи под притисок, за што и самите излегоа со демант во јавноста, па затоа, според податоците што самите ги објавија за падот, пред се' на индустриското производство во второто тримесечје, реално е да очекуваме пад на БДП од 0,5 до 1,5 отсто во вториот квартал. Тоа, заедно со падот од 1,4 отсто во првото тримесечје, и формално не' внесува во рецесија. Во очекување на прес- конференција на 15 септември по овој повод, која најверојатно ќе ја води премиерот, а зад него ќе стои владиниот тим, ќе ги оставиме подеталните анализи на оваа тема за наредната недела“, пишува Наумов.

И Горан Рафајловски, претседател на Стопанската комора на град Скопје, очекува минус за вториот квартал. „Сигурно ќе биде во минус економијата и во второто тримесечје. Ние сме мала економија и зависиме од она што се случува во светот. Но, за наредниот период може да се очекува стабилизација, бидејќи се стабилизира еврото по одлуката на Уставниот суд на Германија, но голема улога има и американската политика“, вели Рафајловски.

Идентични очекувања има и професорката Марија Зарезанкова-Потевска, која смета дека денес може да се очекува објавување на рецесија, или евентуално стагнација. „Извозот е намален, на нашите компании им се откажани нарачките од странските партнери. Рецесија може да се очекува бидејќи сме поврзани со европската економија“, вели професорката. Според неа, кога и официјално би се објавила рецесија, Владата мора да преземе мерки и да им помогне на компаниите што се витални и значајни за економијата. Дали мерките што неодамна ги промовираше власта се доволни, како што беа оние за металургијата, Потевска смета дека повеќе треба да настојуваме да преземаме долгорочни мерки, наместо моментални, кои често набрзо и се прекинуваат. „Треба да се преземаат мерки што ќе дадат ефекти на подолг рок, кои би биле насочени кон зголемување на домашното производство и да ја намалиме зависноста од увозни производи. Ние тоа не го правевме во целиот изминат период, а и не можевме поради недостигот од финансии“, коментира Потевска.


Статијата е прочитана 1982 пати.

Испрати коментар



Бројки
Конкурс на „Вип“ за андроид-апликации
iPhone 5 - Побрз, потенок и полесен



jovan, 14.09.2012 01:27:47
Neli rekoa ke profitirame od krizata? Od kade pa sega recesija?! Zapravo, nie sme bankrotirani poodamna, pa veke nema ni svrha dali ke zvonele ili ne zvonata. Dovolno e da izlezis na ulica, gi poglednes lugeto vo oci, porazgovaras so nekoj stopanstvenik, i se ke ti bide jasno i bez zvona. Od luge opkruzeni so sovetnici i sorabotnici od tipot na *vo pravo ste sefe*, *taka e sefe*, *mnogu rabotime sefe*(voedno i odlicen patent za napredog vo ovoj zabarnik) kompletno nesposobni, ne moze nisto pozitivno da se ocekuva. Po obicaj ovoj narod sekogas kasno svaka sto se slucuva, pa taka i ovojpat kasno ke svati deka drzavata nekoj uste poodamna ja ima bankrotirano i razgrabano. Koga ke svatat, ke vidime, no po se izgleda brzo. So obzir sto se slucuva vo Parlamentot, ne se znae dali ke ima ili nema izbori, ne se znae dali imame Vladina koalicija ili ne.... mnogu brzo ke doznaeme i zvanicno deka drzava veke nema.
petre od dolni saraj, 14.09.2012 10:10:33
Recesija vo RM,pa toa ednostavno ne e vozmozno.Nie nemame inflacija a kamoli recesija,RM e edinstvena vo svetot koja ne gi cuvstvuva posledicite na svetskata recesija i grabi so krupni cekori napred.Komentarot im go prepustam na citatelite.!!
Podgor, 14.09.2012 10:55:16
Ekonomijata e vo kriza , pa shto samo toa pishuvate pa dajte malku optimizam napishete kolku e zgolemen brojot na turisti koi doagjaat vo Makedonija da gi vidat spomenicite . Predlagasm da se naplatuva na strancite po edno evro za sekoja napravena fotografija a na domashni turisti po pola evrto.Toa sigurno ke pomogne vo popolnuvanje na bugjetot a moze ke ostane neshto za ushte nekoj nov spomenik.
Трпе, 14.09.2012 12:06:53
Како ке кажат стечајните управници,така ке биде.Владиниот завод за статистика од нив зависи.
mile, 14.09.2012 12:13:33
Бициклистички на Press: Бранко е крив !!???

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 14°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |