Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.09.2012, 09:47

„Индепендент“: САД имале информации за нападите врз дипломатските мисии

Весникот тврди дека Стејт департментот имал доверливи информации 48 часа пред нападот на конзулатот во Бенгази и амбасадата во Каиро

Британскиот весник „Индепендент“ објави драматични тврдења во врска со нападот врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази, велејќи дека САД 48 часа претходно имале информации дека се подготвуваат напади врз американски дипломатски претставништва, но сепак не реагирале.

Весникот се повикува на високи американски дипломатски извори, кои велат дека нападот на конзулатот, во кој беа убиени амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца Американци, бил организиран одвнатре и притоа било одземено големо количество на доверливи документи, вклучително и имињата на американските соработници во Либија.

- Според високи дипломатски извори, Стејт департментот имал доверливи информации 48 часа пред толпите да ги нападнат конзулатот во Бенгази и амбасадата во Каиро, дека американските мисии може да бидат цел на напад, но не ги предупредил дипломатите да бидат на високо ниво на готовност или да го ограничат движењето во амбасадите, пишува Ким Сенгупта, новинар на „Индепендент“.

Според „Индепендент“, во конзулатот во Бенгази имало долготрајно и сериозно кршење на безбедноста одвнатре. Триесетина стражари во конзулатот, либиски граѓани, давале слаб отпор при нападот и ги напуштиле своите позиции оставајќи ги напаѓачите да завладеат со конзулатот. Напаѓачите ја знаеле дури и локацијата на тајниот објект во Бенгази каде американските дипломати заминале да се засолнат по нападот врз објектот. И оваа тајна куќа била изложена на минофрлачки напади, поради што ниту едно американско засолниште во Либија веќе не се смета за безбедно.

Весникот пишува дека вистинската причина за нападот врз конзулатот не е објавувањето на филмот на интернет во кој се навредува муслиманскиот пророк Мухамед, туку убиството на Мухамед Хасан Каед, командант на терористичката мрежа Ал Каеда, по потекло од Либија. Каед бил убиен во напад со беспилотно летало во Пакистан.

- Овие тврдења се апсолутно неточни. Не знаеме за никаква доверлива информација која укажува дека се подготвува напад врз мисијата во Бенгази, изјави Шон Турнер, портпарол на Џејмс Клапер, националниот директор за разузнавање во администрацијата на претседателот Барак Обама, во врска со тврдењата на весникот.

Во меѓувреме, новинската агенција Асошиејтед прес објави дека Накула Басли Н��кула (55), бизнисмен кој по потекло е египетски Копт, е вистинскиот автор и продуцент на филмот „Невиноста на муслиманите” кој беше искористен како повод за нападите врз американските дипломатски претставништва. Накула живее во Калифорнија, каде новинарите на Асошиејтед прес го лоцирале откако ја следеле ло��ацијата на мобилниот телефон на човек кој контактирал со нив под лажно име и се претставил како автор на филмот.

Новинската агенција го истражила минатото на Накула, кој бил осуден на затвор поради измама и крадење идентитет. Извадоците од филмот кои беа објавени на интернет страницата Јутјуб, биле направени недостапни за корисниците од Египет, но снимката е се уште достапна за корисниците од другите земји и била погледната неколку милиони пати. Актерите во филмот обвинија дека Накула ги измамил и дека тие читале текст во кој не се навредувал муслиманскиот пророк Мухамед, но дополнително звукот во филмот бил преснимен со навредливи пораки.

Државниот секретар Хилари Клинтон вчера повторно се огради од објавувањето на овој филм и го осуди како „длабоко циничен обид да се понижи една цела религија и да се поттикне омраза”.

Се проценува дека во САД живеат околу половина милион коптски христијани доселени од Египет, каде оваа заедница брои над пет милиони жители. Американските Копти имаат околу 200 цркви низ територијата на САД, во кои собираат пари за помош на своите сонародници во Египет и лобираат за правата на египетските Копти кои се соочија со бран на напади по Арапската пролет.


Статијата е прочитана 761 пати.

Испрати коментар



Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
ЗНМ го поддржа Законот за декриминализација
Филе очекува позитивен извештај, а Груевски почеток на преговoри
Царината заплени 14,5 кг дрога на Табановце
Трамвајот ќе стаса во 2013 година
Невработени ќе добијат пари да отворат фирма
Крвава пресметка на пазар во Струмица
Над 17 илјади студенти седнаа во академските клупи
Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија
СДСМ - Власта се обидува да ја минимизира рецесијата
Академската година во Тетово почна со албанската химна
Прекршочни пријави за директорите на чаирските училишта
Почна изградбата на мостот над реката Серава
САД и Јапонија ќе се бранат со штит
Со воени аташеа ќе се јакне имиџот на Македонија
Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Почина норвешката принцеза Рагнилд
Избрана новата барокна фасада за „Нама“ и „Метропол“
Пратениците распр��ваат за електронската здравствена картичка
Државата ќе го преземе долгот на МЖ „Транспорт“
Хилари Клинтон на 4 октомври во Косово
Почнува академската 2012/2013 година
Филе - Политичките партии ја дестабилизираат Македонија
Австриската Виена Иншуренс ја презеде Кјуби Македонија
Вук Јеремиќ го презема претседавањето со Генералното собрание на ОН
Апелација ја потврди пресудата за убиството на Чеврески
Седумнаесет тела пронајдени во Мексико
Филе во Скопје на третиот состанок од Пристапниот дијалог
Продолжува комисиската расправата за Законот за бранителите
Од џамија укадени 20.000 евра
СДСМ - Еврозоната и ЕУ не се во рецесија
Македонија спроведе многу реформи со високиот предпристапен дијалог
Груевски - Владата презема мерки за надминување на увезената рецесија
Доколку се загрозат институциите, ВМРО - ДПМНЕ е подготвена за избори
Се регулира заминувањето на македонските работници во странство
Град Скопје распиша конкурс за архитектура
Девет цивили загинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Измамнички „заспале“ сопружници и ги ограбиле
Нуркачи го чистат дното на Охридското Езеро
Карл Билд спречен да ја посети Тимошенко
Апсења во Москва по „Маршот на милионите“
Арифи со позитивни очекувања пред средбата со Филе
Во прекин сообраќајот на патниот правец Ресен-Охрид
Четворица НАТО војници загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Измамник од Германија ветувал вработувања во странство
Безбедноста на принцот Хари во Авганистан не е загрозена
Владата го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
СДСМ - За рецесијата е виновна лошата економска политика на Владата
Осум фирми добија 2,7 милиони евра од кредитната линија на МБПР
Талат Џафери пред Комисијата ја читаше „Тишина“ од Ацо Шопов
Ставрески - Владата подготвена со многу мерки против рецесијата
Груевски - Законот за бранителите не е против некој етникум
Талибанците ја нападнаа базата на принцот Хари
Почнува изградбата на Институтот за белодробни заболувања
О Нил - Меѓународната заедница да и каже „не“ на Грција
Разузнавач почина од истрел на работното место
Прва средба Иванов - Нишани во Охрид. Загина телохранител на албанскиот претседател
Запалена германската амбаса во Судан
„Оне“ одбележа 10 години во Македонија
Папата дојде во Либан со порака за мир
Гореше само во Националниот парк „Јасен“
Почина Драган Тумановски, судија во Врховниот суд
Ердоган - Изетбеговиќ ме замоли да се грижам за БиХ
Скопјани на 23. септември ќе појадуваат на Камениот мост
Гостиварец преживеа пад со возило во бездна
Попоски - Македонија е конструктивна кон соседите
Цистерни на „Млаз“ биле користени за шверцот, тврди Магаш
Инфлацијата ја креваат цените на храната и на нафтата
Македонија и официјално во рецесија!
Талат Џафери урива рекорди во молчење
Јапонија се откажува од нуклеарната енергија
Дожд, град и силен ветер денеска и за викендот
Нови судири пред американската амбасада во Каиро
„Скопје сити мол“ ќе ги отвори вратите на 4 октомври
Четворица уапсени за нападот во Бенгази
Кацин - Македонија мора да одговори на внатрешните дилеми
Препораката на СЗО нема да го намали бројот на пушачи
Грците ќе одат во пензија на 67 години
Четворица руски туристи загинаа во автобуска несреќа близу Солун



mene, 14.09.2012 16:11:16
па што си мислевте, ништо не се случува без нивно знаење и дозвола. Си го жртвуваа амбасадорот, им треба повод за инвазија на во прва рака на Либија а после...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 14°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |