Хороскоп
Овен
Не сакате околината да види кога ништо не ве интересира па се повлекувате во свој свет, во кој ги правите работите кои ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошата волја е некој здравствен проблем или прекин на пријателство. За што и да се работи излезот ќе биде брз.
Бик
Очигледно сте претерале со работата па се чувствувате исцрпено и уморно. Не сакате семејството да забележи како се чувствувате, па вешто глумите. Доколку некој се обиде да ве допре ќе дојде до конфликт. Се ви се насобрало. Со спорт лечете го или ублажете го стресот.
Близнаци
Сериозни сте кон се. Околината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојувањето да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно не ви укаже на грешките, се лутите. Не дозволувајте никој да влијат на вас, дури и со најдобра намера.
Рак
Лесно воспоставувате контакти и ги постигнувате целите кои сте ги зацртале. Тоа првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на овој знак доживуваат незаборавни моменти опиени со нежни љубовни напливи. Искористете ги, бидејќи се што е убаво е минливо.
Лав
И понатаму брзате. Не размислувајте за тоа дека ќе ја истрошите енергијата и ќе паднете во друга креајност. Кога ни е најдобро, кога сме најсилни-криеме и маската паѓа. Доброто и лошото во животот се менуваат. Се советува полежерна комуникација.
Девица
Реално ги согледувате ситуациите, спремни да одреагирате на најдобар можен начин. Не сте во дилема, бидејќи луѓето и нештата сте ги ставиле на местото кое го заслужуваат. Морате да бидете внимателни во сообраќајот и во останатите видови комуникација, поради можност од повреди.
Терезија
Ќе донесете одлука поради која ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите. Бидејќи се уште не е касно да се вразумите, свртете се кон работата.
Скорпија
Со партнерот никако да се согласите. Треба или него да го промените или да промените нешто во врска со него. Обидет�� се да не му се спротивставувате, туку на неговите примедби да молчите. Тогаш сте најпаметни. Брбливоста последниве денови скапо ве чини.
Стрелец
Ви претстои успешен ден. Наоѓате време за саканата личност и за омиленото хоби. Со еден збор-уживате. Моментите кои ви претстојат се идеални за секаква активност, под услов да не претерувате. Личност во знакот на Јарец ќе ве подржи.
Јарец
Функционирате на повеќе страни. Морате она што сте го започнале да го завршите, бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организаторски способности кои денес ви одат во прилог. Со Стрелците можете да остварите идеална комуникација
Водолија
Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или изразена со повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување. Никогаш не сме толку успешни колку што би сакале.
Риби
Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не се оптеретувајте со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.
|