Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.09.2012, 12:16

Препораката на СЗО нема да го намали бројот на пушачи

Тутунопроизводителите од земјите во регионот сметаат дека препораките на СЗО за намалување на производството на тутун се закана за егзистенцијата на илјадници семејства

Препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за намалување на производството на тутун се закана за егзистенцијата на стотици и илјадници семејства и со нив нема да се спречат луѓето да пушат, оценуваат одгледувачите на тутун од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Турција.

Тие на денешниот форум за ориентален тутун, што го организира Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун, истакнаа дека со намалувањето на производството на тутун нема да се намали бројот на пушачи и оти одгледувањето тутун не е штетно за животната средина.

Според директорот на Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун, Антонио Абруноса, одгледувањето тутун е под голема закана, а препораката на СЗО за намалување на производството на тутун не е паметен потег.

- Во постојан пораст е потрошувачката на тутунски производи и поради тоа Светската здравствена организација сака да воведе рестрикации и да ја намали потрошувачката, а следствено на тоа и производството на тутун. Мислиме дека тоа не е паметен чекор од страна на СЗО затоа што со тоа пушачите нема да се откажат од цигарите само затоа што се намалило производството на тутун во нивната земја. Тоа не е мерка за принудување на пушачите да се откажат од пушењето, изјави Абруноса.

Вистинската опасност, смета тој, е што се принудуваат Владите со пишан акт да се намали производството на тутун во нивната змеја со што ќе се остават на улица стотици и илјадници семејства.

- Особено е доведена во прашање егзистенцијата на одгледувачите на ориентален тутун во Македонија и околните држави, бидејќи не постои замена на овој тип тутун. Не сме против мерките на СЗО, меѓутоа треба да се направи јасна граница меѓу работењето на нивните стручни лица и тутунопроизводството, бидејќи тие две работи треба да одат рака под рака, истакна Абруноса.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, повтори дека и понатаму ќе има производство на тутун и оти ќе се исплаќаат субвенции за него.

- Додека е оваа Влада, тутунопроизводителите треба да бидат сигурни дека и понатаму ќе има производство на тутун и субвенции. Тутунот е индустриско-земјоделска култура која е од особено значење за Република Македонија пред се од економски, но и од социјален аспект. Врзува голем број земјоделци, а државата има голем економски ефект од огледувањето на тутунот. Остануваме цврсто на тоа да продолжиме со произвдоството на ориентален тутун во Република Македонија, нагласи Димовски.

Додаде дека за нив се неприфатливи сите препораки кои се неосновани и неаргументирани, а една е дека одгледувањето тутун е штетно за тутунопроизводителите.

- Во тутунопроизводството се користат 10 пати помалку пестициди и хемиски препарати во споредба со некои други култури, така што оваа препорака е неиздржана, оцени Димовски.

Препораките од Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација треба да бидат разгледани на Петтата конференција на РККТ што треба да се одржи во ноемрви во Сеул, Јужна Кореја.


Статијата е прочитана 350 пати.

Испрати коментар



Продолжува комисиската расправата за Законот за бранителите
Од џамија укадени 20.000 евра
СДСМ - Еврозоната и ЕУ не се во рецесија
Македонија спроведе многу реформи со високиот предпристапен дијалог
Груевски - Владата презема мерки за надминување на увезената рецесија
Доколку се загрозат институциите, ВМРО - ДПМНЕ е подготвена за избори
Се регулира заминувањето на македонските работници во странство
Град Скопје распиша конкурс за архитектура
Девет цивили загинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Измамнички „заспале“ сопружници и ги ограбиле
Нуркачи го чистат дното на Охридското Езеро
Карл Билд спречен да ја посети Тимошенко
Апсења во Москва по „Маршот на милионите“
Арифи со позитивни очекувања пред средбата со Филе
Во прекин сообраќајот на патниот правец Ресен-Охрид
Четворица НАТО војници загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Измамник од Германија ветувал вработувања во странство
Безбедноста на принцот Хари во Авганистан не е загрозена
Владата го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
СДСМ - За рецесијата е виновна лошата економска политика на Владата
Осум фирми добија 2,7 милиони евра од кредитната линија на МБПР
Талат Џафери пред Комисијата ја читаше „Тишина“ од Ацо Шопов
Ставрески - Владата подготвена со многу мерки против рецесијата
Груевски - Законот за бранителите не е против некој етникум
Талибанците ја нападнаа базата на принцот Хари
Почнува изградбата на Институтот за белодробни заболувања
О Нил - Меѓународната заедница да и каже „не“ на Грција
Разузнавач почина од истрел на работното место
Прва средба Иванов - Нишани во Охрид. Загина телохранител на албанскиот претседател
Запалена германската амбаса во Судан
„Оне“ одбележа 10 години во Македонија
Папата дојде во Либан со порака за мир
Гореше само во Националниот парк „Јасен“
Почина Драган Тумановски, судија во Врховниот суд
СДСМ бара одговор од Владата за училиштата во Чаир
Ердоган - Изетбеговиќ ме замоли да се грижам за БиХ
Скопјани на 23. септември ќе појадуваат на Камениот мост
Гостиварец преживеа пад со возило во бездна
Попоски - Македонија е конструктивна кон соседите
Цистерни на „Млаз“ биле користени за шверцот, тврди Магаш
Инфлацијата ја креваат цените на храната и на нафтата
Македонија и официјално во рецесија!
Талат Џафери урива рекорди во молчење
Јапонија се откажува од нуклеарната енергија
Дожд, град и силен ветер денеска и за викендот
Нови судири пред американската амбасада во Каиро
„Скопје сити мол“ ќе ги отвори вратите на 4 октомври
Четворица уапсени за нападот во Бенгази
Кацин - Македонија мора да одговори на внатрешните дилеми
Грците ќе одат во пензија на 67 години
„Индепендент“ - САД имале информации за нападите врз дипломатските мисии
Четворица руски туристи загинаа во автобуска несреќа близу Солун
СДСМ протестира за контрапротестите
Американската амбасада во Скопје на штрек
Мексиканската морнарица го уапси наркобосот „Ел Кос“
Кралев најави прекршочни пријави за Чаир
Магаш тврди дека имал „бизнис“ врски со Љубчо Георгиевски
„Лов“ на танчерки во Полог

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Нов фељтон на Утрински Весник Јованка Броз-Титова совладетелка
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |