16.09.2012, 11:34 Четворица НАТО војници загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Четворица војници од Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) се убиени денеска во напад во јужен Авганистан од „внатрешни луѓе“, извршен, како што се претпоставува од членови на авганистанската полиција, се наведува во официјално соопштение на НАТО.
Нападот доаѓа само 12 часа по вчерашниот, во кој авганистански полицаец уби двајца британски војници при нивното враќање од патролна мисија во јужната провинција Хелманд.
Еден од напаќачите е застрелан. ИСАФ не ја откри националноста на жртвите од денешниот напад.
Талибанците кои најчесто тврдат дека нивни припадници во авганистанските сили за безбедност извршуваат такви напади, засега не ги коментираа убиствата. Авганистански претставници и НАТО изразуваат стравување во врска со се поголемиот број напади од „пријателски оган“ во кои загинаа 47 војници од силите под команда на НАТО. |