Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
10.09.2012, 15:21
Ѓоковиќ и Мареј во вечерашното финале



По негативата Србинот успеа да се врати и да триумфира во одложениот полуфинален меч против Ферер

Шпанците имаа една ноќ за илузии дека, можеби, Давид Ферер е дораснат да се справи со Новак Ѓоковиќ на еден гренслем-турнир, меѓутоа вистината им удри шлаканица. Вториот тенисер на светот го совлада Ферер со 2-6, 6-1, 6-4, 6-2, иако на почетокот пред да биде пролонгирано во саботната бура, губеше со 5-2. Шпанецот ја реализира оваа предност во вчерашното продолжение и поведе со 6-2 во првиот сет, но повеќе не можеше. Ѓоковиќ покажа дека во нормални услови е за класа подобар од Ферер, барем на бетонот во Њујорк. Вториот сет го освои со 6-1, а во третиот го одби последниот значаен напад на Ферер и направи целосен пресврт во резултатот. Иако Ферер важи за, можеби, најборбениот тенисер на планетата, немаше многу средства за да возврати рамноправно ниту во четвртиот период и загуби со 6-2.

Клучот за победата беше изострениот нишан на сервисот, но како и секогаш високиот процент на поени кога противникот прв го удира топчето. Ферер придонесе со сопствениот лош прв сервис, а не му успеа стратегијата да го истроши бекхендот на Ѓоковиќ инсистирајќи на таа страна, иако Србинот најголемиот број грешки ги направи на тој начин. Сепак, удел во статистиката има и првиот сет, од саботата, што се играше во услови на пресилен ветар.

„Изгледа имав среќа што не прекинаа. Се молев да нема ветар повторно. Тој подобро се снајде во тие услови, но еве денеска имаше многу поинаква ситуација“, изјави Ѓоковиќ откако се пласира во своето трето едноподруго финале на УС опен, четврто вкупно. За да ја повтори титулата од минатата година ќе мора против Енди Мареј.

„Кога е во прашање финалето нема прав фаворит, знаеме дека ќе биде изедначено и дека ќе одиграме одличен тенис“, додаде Ѓоковиќ.

Статијата е прочитана 528 пати.

Испрати коментар



Адеми од Динамо Загреб во македонскиот дрес?
Гвардиола го поддржува отцепувањето на Каталонија
Ферер победи за водство на Шпанија против САД
Пандев - Хрватска и Србија ќе паднат во Скопје
Претседателот на Фенербахче ја шокира Евролигата
Металург не отпатува во Прешов на натпревар од СЕХА лигата
Стефанов - Заминувам од лични причини, но останувам во репрезентацијата
Тајсон љубител на мјузикли!
Арсенал сака да го задржи Венгер
Димитриевиќ ја преслуша Барселона
Роналдо фокусиран на победите, а не на договорот
Монтепаски му оддаде почит на Мекејлеб
Пари од УЕФА за четири македонски клубови
„Коцкестите“ со голем бод од Брисел
Србија го фати последниот воз за Евробаскет 2013
Парична награда од 30.000 евра за Наковска-Бикова
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Јаневски - Македонија заслужи да победи во Глазгов
Талевски и вети нова стрелачка сала на Наковска-Бикова
Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Мекларен нема план Б ако си замине Хамилтон
Оланд на слепа параолимпијка - „Ви мавтав, но не ме видовте“
Мари, конечно, со Гренд-слем трофеј
(ФОТО) Тренинг на македонската репрезентација на „Хампден парк“ во Глазгов
Надежите на Македонија не се пласираа во баражот за ЕП
Левин - Шкотска мора да ја победи Македонија
Македонска решителност против шкотската агресивност
(ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ - „Јас сум жива легенда“
Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Металург надмоќно до групите од Лигата на шампионите
Контадор ја освои Вуелта
Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
(ФОТО) Свечено затворени 14. Параолимписки игри во Лондон
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |