Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
11.09.2012, 09:28
Мари, конечно, со Гренд-слем трофеј



Со победата над Ѓоковиќ во финалето на Ју-Ес опен, Шкотланѓанецот го прекина британскиот пост долг 75 години

Судбината се смилува над британскиот децениски копнеж. Нацијата која го откри модерниот тенис, конечно, доби шампион со гренд-слем слава, човек што ги покори конкурентите на едно од најпрестижните борилишта. Енди Мари го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Ју-Ес опен и ја освои првата грен слем титула во кариерата! Шкотската гордост продолжи со брилијантниот тенис кој го промовира во олимписки првак ова лето и докажа дека тој е скроен за одбраното друштво во тениската историја.

„Докажав дека можам да освојам грен слем. Докажав дека можам да издржам четири часа и да излезам како победник во дуел со еден од физички најподотвените момци што ги донел тенисот воопшто, а особено на оваа подлога“, изјави Мари со олеснување. Третиот носител на Ју-Ес опен во финалето влезе со товар од четири загубени завршници од грен слем турнирите, но успеа да се надмине и себе и комплексите, иако беше неподносливо тешко да се добие маратонскиот меч во пет сета.

Почна со гладијаторска битка во првиот, кој траеше час и половина. Тенисерите разменија по две брејк-топки додека стигнат до тај-брејкот, кој пак беше приказна за себе - Британецот го освои со 12:10 откако ја искористи шестата сет-топка. Ѓоковиќ како да се истошти психолошки, па го почна вториот сет со негатива од 4:0. Меѓутоа, уникатноста на дуелот не дозволуваше очигледни расплети, така што Мари пропушти сервис за да го освои сетот и дозволи тој да дојде до 5:5. Можеби изгледаше дека ќе следува уште еден налудничав тајбрејк, меѓутоа вториот фаворит како да се истроши додека ја надомести негативата и немаше сили да го одбрани својот сервис во 12. игра и загуби со 7:5. Тоа значеше огромни 2:0 за Мареј во сетови и клатење на работ на поразот за \оковиќ, но уште еднаш сценариото имаше подготвено поинаков развој.

Ѓоковиќ сега наметна свој ритам, Мареј доживуваше мала криза, загуби два сервиса и релативно бргу, за 47 минути го загуби сетот со 6:2. Слични беа чекорите и во четвртиот сет. Мари почна со прокоцкан сервис, Ноле ја одбрани предноста и затвори со уште еден брејк за 6:3 во овој сет и 2:2 на конечниот. Сепак, трендот плима-осека на крај го поплави Србинот. Мари поведе со 3:0 и тоа веројатно би било премногу за кој било човек на планетата по четири часа атомски напори. Ѓоковиќ како да се истроши од исцрпувачкиот кам-бек и не успеа да ја комплетира сензацијата и да стане првиот човек по Панчо Гонзалес во 1949. година кој успеал да освои титула на Ју-Ес опен по негатива од два сета. Мари го доби сетот со 6:2 и стана првиот Британец со титула од „големата четворка“ уште од Фред Пери во 1936.

„Пресреќен сум што успеав да ја извлечам оваа победа. Ако загубев после два сета водство не знам како ќе се справев со разочарувањето. Ова ќе има големо позитивно ��лијание за мене, веќе не се сомневам во себе ниту физички ниту психички“, изјави Мари, додавајќи дека зборот „олеснување“ му одѕвонувал во главата за цело време на свеченото доделување на пехарот.

Ѓоковиќ втор пат годинава, по Париз, се соочи со пораз во едно големо финале.

„Ако го добиев првиот сет, мислам дека мечот ќе отидеше во поинаква насока. Но, сега нема причина да се враќам назад и да се прашувам ’Што ако?‘. Имав можност денеска, но тој заслужи да освои гренд-слем повеќе од кој било“, изјави Ѓоковиќ, кој остана на своите пет гренд-слем титули.

Присутните на тенискиот стадион „Артур Еш“ и покрај ветровитото време останаа да го догледаат финалето кое го изедначи рекордот по времетраење на терените на „Флашинг Медоуз“ од 4 часа и 58 минути. Меѓу поддржувачите на Енди беа неговите сонародници Сер Алекс Фергусон и Шон Конери, како и Кевин Спејси.

Статијата е прочитана 709 пати.

Испрати коментар



Талевски и вети нова стрелачка сала на Наковска-Бикова
Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Мекларен нема план Б ако си замине Хамилтон
Оланд на слепа параолимпијка - „Ви мавтав, но не ме видовте“
(ФОТО) Тренинг на македонската репрезентација на „Хампден парк“ во Глазгов
Надежите на Македонија не се пласираа во баражот за ЕП
Левин - Шкотска мора да ја победи Македонија
Македонска решителност против шкотската агресивност
(ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ - „Јас сум жива легенда“
Ѓоковиќ и Мареј во вечерашното финале
Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Металург надмоќно до групите од Лигата на шампионите
Контадор ја освои Вуелта
Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
(ФОТО) Свечено затворени 14. Параолимписки игри во Лондон
Шахистите 38., шахистките 66. на Олимпијадата
Витали Кличко ја одбрани титулата
Хамилтон ја освои Монца
(ФОТО) Ако сакаме барем бод, мора по сите три
Трет пораз на македонските одбојкари
Мареј е првиот финалист на Ју- Ес опен
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца
(ФОТО) Македонија несреќно поразена на „Максимир“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Боб Дилан не застанува, денеска излегува нов албум
„Темпест“ содржи десет прекрасни композиции кои го враќаат култниот Дилан во младоста...
Талибанците на Фејсбук се претставуваат како убави девојки
Војниците од коалициските сили во Авганистан биле предупредени да бидат многу претпазливи кога „сурфаат“ по социјалните ...
Северна Кореја ја подотвора вратата за реформи
Земјоделците можат да го продаваат вишокот од своите култури на приватниот пазар...
Древната поделба во исламот ги распламтува конфликтите на Блискиот Исток
Се започна со повикот за слобода на Блискиот Исток, но арапските востанија се повеќе стануваат карактеристични по праста...
Витаминот Б3 и „супербактеријата“
Нова студија сугерира дека витаминот Б3 може да помогне во борбата против најсмртоносната бактерија во светот, позната и...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |